1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

За “теоријата на играта“

Добитници на Нобеловата награда за економија во 2005-та година се американецот Томас Шелинг и Израелецот Роберт Ауман . Нивниот придонес во разработката на теоријата на играта го унапреди разбирањето и разрешувањето на економските и политичките конфликти

default

„Шелинг и Ауман со своите истражувања на полето на теоријата на играта , помогнаа во тоа подобро да ги разбираме и да можеме да влијаеме на конфликтите и соработката меѓу луѓето , фирмите и земјите во нашето општество’- ја образложи одлуката на Шведката академија на науки , нејзиниот претседател Јирген Вајбел.

Инаку истражувачката работа на американецот Томас Шелинг започнува уште во 50 години и е насочена главно кон трката во вооружување во светот , и како може да се влијае врз неа. Преку анализите на Шелинг стана можно , да бидат разјаснети многу феномени , како на пример стратегиите за конкурентски натпревар или делегирањето на политичката моќ на одлучување.

Роберт Ауман е роден во 1930 година во Франкфурт и работи во Еврејскиот Универзитет во Ерусалим , а поседува истовремено и израелско и американско државјанство. Ауман со своите тоерии ги објасни причините за трговските војни и војните на цените , токму како и фактот дека некои општествта , можат многу подобро да раководат со заедничките ресурси отколку други општества .

Нобеловата награда за економија , за разлика од останатите Нобелови Награди започнува да се доделува подоцна и не е востановена од самиот шведски индустријалец Алфред Нобел , туку од Шведската Рајхсбанка во сеќавање на него.

Паричната вредност на наградата одговара и на останатите Нобелови награди . Значи нешто повеќе од еден милион евра на два еднакви дела ќе ги поделат Роберт Ауман и Томас Шелинг . На 10 декември на двајцата научници но и другите нобелови лауреати ќе им бидат врачени признанието Нобеловиот медал и чекот со паричната вредност на наградата.