1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

За телефон, вода, струја и ништо повеќе

Македонските граѓани со просечна плата можат да си дозволат само малку повеќе од најнеoпходното. Според куповната моќ на граѓаните, Македонија е на дното во Европа. Може ли да се подобри стандардот на Македонците?

default

Градски трговски центар во Скопје

Македонија, според куповната моќ на нејзините граѓани, е рангирана на 37-то место од вкупно 41 европска држава, опфатени во истражувањето на специјализираната германската агенција, ГФК.

Македонците на располагање во 2008-ма година имале 2.200 евра, износ што ги смести на самото дно на листата. Послаба куповна моќ од Македонците имаат само граѓаните на Белорусија, Албанија, Украина и Молдавија. Експертите во Македонија ги уважуваат ваквите истражувања, но велат дека резултатите зависат од параметрите кои се искористени во анализите.

За автомобил од средна класа Македонецот треба да работи 37 месеци, без да јаде

Лошата слика што се однесува до куповната моќ и животниот стандард, може да се потврди со обична анкета меѓу граѓаните, вели за Дојче Веле професорот Јован Пејковски.

Неговата теза ја потврдуваат граѓаните кои даваат одговор на прашањето: Дали платата им е доволна за нормален живот?

„Со една плата можеме да ги платиме сметките за телефон, струја и вода, и ништо повеќе“, вели еден жител на Скопје.

„Без дополнителни приходи, гарантирано не би можеле да се покријат трошоците за еден нормален живот“, вели друг граѓанин.

Македонската статистика покажува дека луѓето со

Frisur Summertime Kosmetikmesse Leipzig

За да платат фризура, Македонците треба да работат најмалку еден час

просечната плата можат да купат само малку производи надвор од потрошувачката кошница. На пример, за да платат обична услуга во фризерски салон тие треба да работат еден час. За да купат пакување бебешки пелени, потребно е, пак, да работат три часа. Доколку сакаат да си дозволат нешто покрупно, како на пример машина за перење или пак телевизор, потребно е да се работи со месеци и притоа да не се потроши ниту денар. За купување на автомобил од средна класа се потребни вкупно 37 просечни македонски плати, односно повеќе од три години работа.

Поради кризата, куповната моќ може и натаму да паѓа

Дали може да се очекува зголемување на куповната моќ на македонските граѓани во наредниот период? Професорот Пејковски вели дека тоа е можно доколку расте бруто домашниот производ или ако растат продуктивноста и платите: „Но, доколку се случи она што се најавува во светски рамки, значи економска рецесија, тогаш може да дојде и до намалување на животниот стандард“, предупредува Пејковски.

Најголема куповна моќ во Европа имаат граѓаните на Лихтенштајн , кои во просек располагаат со 44.850 евра годишно, што е 20 пати повеќе од средствата со кои просечно располага еден Македонец.