1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

За талибанците принцот Хари има ментални проблеми

Британскиот принц Хари, кој го спореди пукањето врз бунтовниците во Авганистан со играње видео игра, „веројатно има развиен ментален проблем“, изјави портпаролот на талибанците Забиулах Муџахид.

„Има 49 земји кои со својата моќна војска потфрлаат во борбата против муџахедините и сега овој принц доаѓа и ја споредува војнава со неговите игри, со Плеј стејшн или како и да ги нарекува“, рече порпаролот на талибанците Забибулах Муџахид.

Талибанците реагираа на првото интервју, коешто принцот Хари го даде по завршувањето на војничката мисија во британската база „Камп Бастион“ и во кое призна дека со својата хеликоптерска единица учествувал во операции за уништување на непријателски позиции. Во интервјуто тој рече: „Ако има луѓе кои се обидуваат да им направат лоши работи на нашите момци, тогаш ние ќе ги извадиме нив надвор од игра“.

Prinz Harry in Afghanistan

Принцот Хари е пилиот-топџија

Еден новинар го праша: „Ако си повикан, дали би пукал, а веројатно и си пукал, и би убил непријател?“

„Секако, како и многу други луѓе што мораат. Мојата единица беше таму. Секој во одредена мера пукаше. Веројатно малку повеќе отколку истото време претходната година“, одговори принцот Хари.

Тој е обучен за пилот-топџија на борбените хеликоптери „Апачи“. Во британската армија тој не е принц, туку официр кој е регистриран како капетан Велс. Сепак, разговорот на Хари со британските весници, од безбедносни прични, се оддржа откако тој го напушти Авганистан. Таму британскиот прин мина четири месеци и тоа беше негово второ учество во војната против талибанците.