1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

За Србија датум, за останатите критики

Советот на министри и завршниот декемвриски самит на лидерите на ЕУ треба да донесат и годишни заклучоци за напредокот на земјите во процесот на евроинтеграциите. Србија очекува датум, а БиХ нови критики

Како и секоја година, крајот на декември е време за завршни европски состаноци на кои, меѓудругото, се усвојуваат и заклучоците за напредокот на земјите кои се наоѓаат во процесот на приближување кон ЕУ. Неделава прашањето за евроинтеграциите на Албанија, БиХ, Црна Гора, Македонија, Србија и Косово ќе се најде на дневен ред, најпрво на министрите, а потоа и на лидерите на земјите-членки на ЕУ кои ќе се соберат во Брисел. Се очекува веќе денеска (16.12) министрите за надворешни работи на маргините на состанокот на Советот, да разменат мислења за состојбата на Западниот Балкан. Најважната расправа за регионот следува во вторник (17.12) кога Советот за општи работи на ЕУ треба да ги усвои заклучоците за напредокот во 2013 година за сите земји кои се наоѓаат на европскиот пат и да даде евентуални препораки за следните чекори. Годинава, Албанија и Србија се земјите кои имаат најголеми очекувања. Тирана, како и минатата година, кога не доби зелено светло, очекува статус на земја кандидат, а Белград- датум за почеток на пристапни преговори за членство. Дипломатски извори наведуваат дека Црна Гора ќе биде „пофалена“ за продолжување на процесот на преговорите, додека Македонија и БиХ не можат да се надеваат на позитивен извештај. Во Брисел оценуваат дека во придружувањето најмногу заостанува БиХ, која е и единствената земја од Западниот Балкан која нема поднесено барање за членство.

Србија зависи од договорот со Приштина

Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон, која претседава со Советот на министри, треба утре да го претстави својот извештај за напредокот

Catherine Ashton Belgien Brüssel

Кетрин Ештон

на Белград и Приштина во процесот на нормализација на односите. Од тој извештај најмногу ќе зависи дебатата во Советот за општи работи на ЕУ и одлуката за закажување на првата меѓувладина конференција на Србија и ЕУ, односно официјалниот почеток на преговорите.

Она што во моментов не е извесно е како ќе изгледа преговарачката рамка за Србија, односно како во неа ќе бидат распоредени прашањата кои се однесуваат на нормализацијата на односите со Косово.

Европската Комисија и еден број земји-членки се залагаат за преговарачка рамка во која прашањата кои се однесуваат на нормализацијата на односите со Косово би биле концентрирани во едно, последно Поглавје 35. Така би се оневозможиле евентуални блокади на другите поглавја поради отворените прашања меѓу Белград и Приштина. Од друга страна, постои и „тврд“ став на Германија и Велика Британија кои очекуваат „потполна и правно обврзувачка“ нормализација на односите на Белград и Приштина и сметаат дека во преговорите на Србија со ЕУ, отворените прашања кои се однесуваат на Косово „не треба да бидат вештачки издвоени од поглавјата каде се релевантни и оправдани“. Непостигнувањето договор околу правосудството меѓу Белград и Приштина може да им послужи како дополнителен аргумент на овие земји за инсистирање на „тврда“ линија.