1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

За спорот за името одговорна е секоја влада

Гроф Николаус Ламбсдорф за ДВ вели дека одговорноста за решавање на спорот за името ја има секоја влада од Скопје или Атина, без разлика на партиската припадност.

До изборите во Грција останува уште неполни два дена. Гроф  Николаус Ламбсдорф, специјален ополномоштеник за Југоисочна Европа во германското МНР одговори на прашање на Дојче веле: што може да се очекува во процесот на решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција, доколку во Атина власта ја преземе левицата?
„Искрено, не знам како врз решавањето на спорот за името ќе се рефлектира доколку власта во Грција  ја преземе  левицата. Но, сосема е неважно во чии раце е владата, како во Скопје, така и во Атина. Проблемот меѓу двете држави мора да се реши и одговорност за ова ја има секоја влада, без разлика на партиската припадност“, оценува за ДВ Ламбсдорф.
Тој дополни дека германската страна за спорот разговара и со двете страни: и со Атина и со Скопје, повторувајќи дека ни Европката унија, ниту Германија можат да го решат проблемот, кој останува да го расчистат двете земји.