1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

За Русија 10 декември не е краен рок за преговорите за Косово

*

Русија бара преговорите за Косово да се продолжат и по дадениот рок, 10 декември, ако има потреба од тоа. Рускиот претставник во меѓународната посредничка тројка, Виталиј Чуркин најави дека овој датум не треба да се смета како краен рок за завршување на преговорите за статусот на покраината. „Ако до тогаш не биде најдено соодветно решение преговорите треба да продолжат“, изјави Чуркин. Инаку Тројката, ги оцени како конструктивни последните разговори во Лондон со делегациите на Белград и Приштина.