1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

За Приштина историски момент, за Белград независноста е неприфатлива

Независност за Косово под меѓународен надзор, предлага специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари во конечната верзија. За Приштина и поголемиот дел од меѓународната заедница, планот е одлична основа за иднината на Косово. Србија и Русија повторија дека се против.

Седиштето на УНМИК во Приштина

Седиштето на УНМИК во Приштина

„Независност е единственото одржливо решение за политички стабилно и економски одржливо Косово“ стои во предлогот на Ахтисари кој вчера попладне им беше доставен на земјите членки на СБ. Во текстот се додава и дека независно Косово „во почетокот ќе биде надгледувано од меѓународно воено и цивилно присуство“. Освен оваа, во конечниот предлог нема многу измени на претходно познатите договори.

За Србија независноста е неприфатлива, стои во соопштението од кабинетот на српскиот претседател Борис Тадиќ според кого е потребно да се пронајде компромисно решение постигнато низ преговори. За ова Белград има поддршка од вето членката на СБ, Русија. Претставник на руското МНР, Михаил Камињин изјави дека ставот на Русија не е променет и дека Москва се залага за продолжување на продолжување на преговорите па дури и со нов посредник.
За Приштина ова е историски момент. Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу:

„Независноста на Косово која на почеток ќе биде меѓународно надгледувана ќе биде во служба на мирот, стабилноста и и просперитетот, бидејќи успешно се решава и последното нерешено прашање во југоисточна Европа.“

Косовскиот премиер Агим Чеку се надева дека меѓународната заедница ќе го прифати предлогот на Ахтисари без одолговлекување. Шефот на УНМИК, Јоаким Рикер веќе им честитал на премиерот и претседателот во Приштина. И за него предлогот на Ахтисари „не е ништо помалку од историски момент за сите жители на Косово.“

Вашингтон целосно го поддржува планот на Ахтисари. За нив со него прв пат по многу години ќе им се разјасни на народите на Косово како ќе изгледа нивната иднина. Поддршка за планот на Ахтисари пристигна и од ЕУ и НАТО. Во соопштението од германското претседателство стои дека „ЕУ верува дека предлогот е фер и избалансиран компромис кој го покажува патот кон напред за Косово“. Евродипломатот Хавиер Солана и првиот човек на Алијансата, Јаап Де Хоп Шефер се за поскоро усвојување на планот што ќе придонесе кој јакнење на стабилноста во регионот. И за членката на СБ, Велика Британија ова предлог решение ќе му овозможи на Балканот и Косово, политички и економски развој и напредок кон евроатлантските структури.

И генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун го поддржа предлогот на Ахтисари, и според него со доставувањето на планот во СБ, започнува одлучувачката фаза за дефинирање на идниот статус на Косово. Се уште не е закажана седницата на која ќе се започне расправата по предлогот, иако 3 април останува како можен датум за средба.