1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

За почеток - очаен биланс

За идната владина коалиција една од најтешките задачи е финансиската политика. Државниот долг во Германија се зголеми на 1.600 милијарди. Поради кризата се заканува драматичен пораст на долговите. Итно е нужен пресврт.

default

Причина за експлозијата на расходите не се само дополнителните трошоци за конјуктурните програми против рецесијата, туку уште повеќе падот на приходите. Како последица на слабата конјунктура, приходите од даноци на федерацијата, покраините и општините се драматично намалени. Според последните проценки, до 2012 година приходите од даноци ќе бидат за 300 милијарди евра пониски во однос на појдовната позиција за среднорочното финансиско планирање. Со годинава договореното ограничување на задолжувањето, федерацијата, покраините и општините се обврзани за речиси целосно урамнотежување на буџетот за неколку години.

Сето тоа им беше познато на борците во предизборната кампања. Партиите на Унијата и либералите им ветија на избирачите намалување на даноците, што е во тешка колизија со реалноста. Оти, намалување на даноците значи уште повеќе долгови и скок на сумата од каматите за нивна отплата, како и кршење на штотуку договореното ограничување на задолжувањето. Разумно би било да не се намалуваат даноците, туку напротив, да се покачат - наједноставно преку кревањето на данокот на додадена вредност, а нешто може да се извлече и кај наследниците и сопствениците на имот, оти тука германските даноци се ниски во меѓународна споредба. Може да се претпостави дека црно-жолтата коалиција нема да сака да се изложи на прекор за грубо измамување на избирачите и минимално ќе ги намали даноците, но затоа пак посилно ќе ги накачи социјалните придонеси. За најголемиот дел од граѓаните од тоа нема да произлезе никаква разлика.

Автор на коментарот: Карл Завадски

Превод: Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска