1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

За пиратеријата нема толеранција

ЕУ применува остри мерки кога станува збор за заштитата на интелектуалната сопственост. Македонија има договор со ЕУ и има национална стратегија за да се подобри ефикасноста во борбата против пиратеријата.

default

Во 2006 година, во Македонија биле откриени 45 илјади парчиња фалсификувани производи од светски познати брендови

Лани и годинава имаше 42 судски постапки за заштита на интелектуалната сопственост – наместо ефективни санкции, изречени 22 глоби и 22 алтернативни казни

Мите Костов, заменик–директор на Државниот завод за индустриска сопственост на Македонија, сепак, вели отворено: „Согласно со препораките на Европската комисија во Македонија има напредок во овој дел: забележан е одреден интензитет на опаѓање, по сите контроли и сите изречени казни. Но, пиратеријата е присутна се‘ уште на пазарот: во Тетово, Струмица, Скопје, Скопје, Гостивар...насекаде низ земјата. Еве, во Прилеп, исто така, имавме откриено фабрика за производство на спортска опрема со фалсификувани марки. Да не зборуваме за лековите, кои се и тоа како пиратски.“

Костов, и како претседател на Координативното тело за интелектуална сопственост на Македонија, дополнува: „Со сите наши месечни активности, со редовните акции ширум Македонија, ќе успееме да ја спроведеме стратегијата за заштита на интелектуалната сопственост.“

Produktpiraterie aus China Firma Hengst Ölfilter

Оригиналот (лево) и плагијатот (десно) - за „обичното“ око не секогаш забележлива разлика

Во 2006 година, во Македонија биле откриени 45 илјади парчиња фалсификувани производи од светски познатите брендови: „Најк“, „Адидас“, „Томи Хилфигер“, „Дизел“, „Рибок“ ... Во оваа 2009 година само во една контрола во 15 објекти, извршена на 5. октомври 2009 година во Тетово, полицијата и инспекторите имаа ефект колку во целата 2006 година. Беше откриена и една мини – фабрика со 30 – тина вработени, во која се произведуваат патики и чевли – фалсификати на светски марки.

Николче Петковски, виш советник за економски криминал во Министерството за внатрешни работи, информира за наодите од оваа контрола: „Во најновата акција во Тетово се одземени 50 илјади производи: тренерки, фармерки, патики – од марките ’Најк’, ’Адидас’, ’Пума’. Потоа, чевли од марката ’Бос’ ... Се работи за повреда на индустриската сопственост. Ќе продолжат нашите напори, како Кооординативно тело за заштита на интелектуалната сопственост, но и во Министерството за внатрешни работи.“

Претстојат поинтензивни контроли против користењето пиратски компјутерски софтвери во претпријатијата

Македонската Царина, сега, во просек годишно уништува повеќе од 150 илјади фалсификувани предмети во печките на „Силмак“ во Јегуновце и на скопската депонија „Дризла“. А се фалсификуваат облека, пијалоци, лекови,

Deutschland China Produktpiraterie Razzia von MP3 Player

Во Македонија безмалку 70 отсто од софтверите и електронските изданија се фалсификувани

компјутерски софтвер, музика, филмови и што се‘ не друго. Според одделни анализи, иако битката со пиратеријата се засилува, сепак, во Македонија безмалку 70 отсто од софтверите и електронските изданија се фалсификувани.

„Со 68 – процентна стапка на фалсификати и пиратерија Македонија е се‘ уште далеку од европскиот просек“ – оваа констатација од меѓународниот симпозиум, посветен на интелектуалната сопственост и одржан минатиот месец во Скопје, е пренесена и во информацијата на официјалната страница на Владата. Според укажувањата на Валентин Пепељугоски, експерт за заштита на интелектуалната сопственост, изнесени на овој симпозиум, „нема влез во Европската Унија без стапка на фалсификат и пиратство под 50 отсто“.

Се‘ на се‘, колку ќе биде поблиску Македонија до Европската унија, толку ќе бидат поголеми нејзините обврски да ги сведе на колку е можно помала мера кражбата на авторските права, на иновациите и на другите видови интелектуална и индустриска сопственост. Тие не само што ја нагрдуваат претставата за неа како држава во очите на Европа, туку и ги поттикнуваат сивата економија, одбегнувањето на плаќањето на даноците, а не ретко претставуваат и закана за здравјето и животот на луѓето.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска