1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

За перење пари во Македонија е осудено само едно лице

Во изминативе шест години Македонија го подобрила системот за борба против перењето пари, но се’ уште не се гледа ефикасноста од донесените мерки-констатира во својот извештај Експертскиот комитет на СЕ.

default

Во извештајот на Експертскиот комитет на Советот на Европа борба против криминал - „Манивал“, детално се анализира како македонските власти ги спроведуваат меѓународните и европските норми за борба против перењето на нечистиот капитал и финансирањето на тероризмот. Тие констатираат дека законските регулативи во Македонија се во согласност со меѓународните стандарди, а земјата од 2002 година до денес значително го зајакнала својот правосуден систем на овој план.

Сепак, бројот на предметите кои се водат во македонските судови за перење на парите во голема мера ја намалуваат ефикасноста на правната рамка. Експертите на Советот на Европа констатираат дека од моментот кога во 1996 година перењето на парите стана кривично дело, заклучно со март 2007 кога тие ја посетиле земјата, во Македонија за перење на капитал било осудено само едно лице.

Другата слабост на македонскиот систем, е во тоа што речиси сите истраги коишто се водат за перење на капитал, се однесуваат на затајување на данок. Статистиките покажуваат дека постојат голем број на други прекршоци, како на пример: кражби, злоупотреба на функциите, корупција, трговија со луѓе, дрога или оружје, кои исто така се извор на на „нечисти“ пари.

Gericht und Oberstes Gericht in Skopje, Mazedonien

Многу малку случаи за перење пари имаат судска завршница

Финансиското разузнавање да добие поголеми овластувања

За експертите на СЕ, превенцијата на финансирањето на тероризмот во Македонија се прави на незадоволителен начин. Финансирањето на тероризмот не е предвидено како посебно кривично дело, а забележани се пропусти при преземањето на кривичните мерки од Конвенцијата на ООН за репресија на финансирањето на тероризмот.

Во извештајот исто така се констатира дека одделот за финансиско разузнување во Македонија е од административен тип, без овластувања да води истраги. Негова главна задача е да собира информации за финансиските операции со цел да им ги пренесе на овластените органи за истрага. Експертите од „Манивал“ сметаат дека е потребно да се засили акцијата и во други области на финансискиот сектор.

Забелешки има и за тоа дека законската регулатива не предвидува зголемување на претпазливоста кон категориите на ризични клиенти, како на пример на политички ангажирани лица, приватните банки, банкарските кореспонденти или електронските банки.

Сепак, и покрај овие забелешки, од извештајот на „Манивал“, долг 237 страници, се гледа дека Република Македонија сега располага со соодветно законодавство за борба против перењето на валканиот капитал. Останува само таа борба да стане поефикасна.