1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

За палестинските власти не е завршена истрагата за смртта на Арафат

Палестинските власти тврдат дека постои одлука за продолжување на истрагата за смртта на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат, додека руските форензичари денеска информираа дека тој починал од природна смрт.

Директорот на руската Федерална агенција за медицина и биологија, Владимир Уиба, денеска (26.12.2013) изјави дека истрагата на таа агенција во одност на причините за смртта на Арафат не покажала индикатори кои би укажувале на труење со радијација. Уиба наведува дека е утрврдено оти смртта на Арафат пред десет години била „природна“.

„Ги завршивме сите испитувања и личноста починала од природна смрт, а не од некаква форма на радијација“, рече Уиба.

Но, палестинскиот амбасадор во Москва Фаед Мустафа вели дека истрагата за смртта на Арафат се продолжува.

„Можам само да кажам дека веќе е одлучено истрагата да биде продолжена. Го почитуваме нивниот став, високо ја цениме нивната работа, но одлучено е да се продолжи со работата“, изјави Фустафа за руската агенција „РИА новости“.

Тим од научници од Франција, Швајцарија и Русија истражува дали полониумот, ретка и многу опасна смртоносна супстанца, имала улога во смртта на Арафат во француската воена болница во 2004-та година. Палестинците се сомневаат дека Израел го отрул Арафат, а оваа земја го негира тоа.

Fall Alexander Litwinenko Polonium Test

Анализите за смртта на Арафат се како оние за смртта на Литвиненко

Во извештајот од една швајцарска лабораторија беше наведено дека Арафат веројатно бил отруен со полониум, но тоа подоцна го негираше една друга француска студија.

Во саботата на средбата на Арапската лига беше донесен заклучок да се побара од Генералното собрание на ОН формирање на меѓународна комисија за истрага на околностите за смртта на Арафат. Тој почина на 11-ти ноември 2004. година во Франција, на возраст од 75 години, но тогаш докторите не беа во можност да ги утврдат причините за неговата смрт. Во тоа време не беше направена аутопсија, по барање на неговата вдовица.

Неговото тело беше ексхумирано во ноември 2012, со цел да се земат примероци за утврдување дали тој бил отруен со радиоактивен полониум. Сомневањата се зголемија откако таа супстанца беше употребена во 2006-та година за ликвидација на поранешниот шпион и критичар на Кремљ, Александер Литвиненко. Во истрагата за смртта на Арафат се земени околу 60 примероци и се поделени меѓу швајцарските и руските научници, а по барање на вдовицата на Арафат, Суха, нив ги испитува и француски тим од научници.