1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

За обвинителството смртта на Младенов е несреќа

Скопското јавно обвинителство го затвора случајот со сопственикот на Фокус како сообраќајна несреќа. Истражителите не успеале да го пронајдат телефонот на Младенов и не утврдиле каде бил пред несреќата

Според сите собрани докази, за сообраќајката во која загина сопственикот и новинар во дневниот и неделниот весник Фокус, Никола Младенов, не се работи за кривично дело кое треба да се води по службена должност, рече во средата обвинителката во Скопското јавно

обвинителство, Гордана Гешковска. Според Обвинителството, причина за сообраќајната незгода било неадекватното однесување и постапување на возачот кога навлегол кај критичното место, односно кај клучката кај Хиподром, неприспособената брзина и неадекватната траекторија на движење.

Не е пронајден телефонот на Никола Младенов и обвинителството не утврдило каде бил Младенов пред да се случи сообраќајката. На разговор во Обвинителството била повикана неговата сопруга Билјана Младенова која рекла дека не знаела каде бил вечерта нејзиниот сопруг. Исто така, била извадена листа на појдовни и дојдовни повици кон неговиот телефон, но според базните станици не можело да се утврди каде бил Младенов, бидејќи последната комуникација на неговиот број била околу 16 часот.

Камерите на патарините Скопје-Велес не работеле, а на разговор не се повикани вработените на наплатните рампи, како ни други соработници на Никола Младенов, бидејќи според Гешковска, единствено очевидец на местото на настанот би им дал повеќе податоци за случајот.

Телото на Младенов било најдено надвор од возилото на оддалеченост од седум метри и според вештачењето и трагите најдени на неговата облека излетал од предниот дел на шофершајбната.

Вештите лица утврдиле дека Младенов удрил во металната банкина покрај патот со брзина од 142 км/ч и излетал надвор од коловозот на земјениот пат. Претходно, Основниот суд 1 соопшти дека Младенов се движел со брзина од 160 км/ч, а смртта настапила подари пукање на аортата, иако се отвориле сите воздушни перничиња освен едно кое било кај совозачкото седиште. Обвинителството засега не нашло траги на други лица во автомобилот како и надвор од него. Повторниот увид што беше направен на лице место по најдените траги од страна на новинари, од судот велат дека бил направен, бидејќи од лице место се собирале траги од други сообраќајки. Ливчињата од патарините кои беа пронајдени од страна на новинарите досега не биле предадени ниту во Обвинителството, ниту во полиција.