1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

За новата мандатарка на словенечката влада ќе се гласа во среда

Предложената мандатарка за состав на нова словенечка влада Аленка Братушек и сегашниот премиер Јанез Јанша, чија коалиција се распадна, во среда ќе ги претстават своите погледи за излез од кризата.

Вонредната седница на која ќе се гласа за Аленка Братушек како мандатарка ќе се одржи на 27.02.2013. Претходно, Братушек треба да ја претстави својата програма за излез на Словенија од политичката и економска криза. Во случај да добие доверба, најдоцна во рок од 15 дена таа треба да предложи листа со министри за кои повторно ќе се гласа.

Четирите партии кои ја поддржуваат кандидатурата на Братушек и се

Janez Jansa Premierminister Slowenien

Јанез Јанша ќе наброи што е сторено за една година за излез од кризата

договараат за преодна влада имаат 49 од вкупно 90 пратенички места, па изборот на новата мандатарка е извесен, иако гласањето е тајно, оценуваат денеска (23.02) словенечките медиуми. Доколку биде избрана, Аленка Братушек би била прва жена премиер во историјата на земјата.

Пред говорот во кој Братушек ќе ја претстави својата програма, сегашниот премиер Јанша ќе одговори на барањето на четирите партии да се изгласа недоверба на неговата влада и ќе зборува за мерките кои неговиот кабинет во рок од една година ги презел за излез од кризата и за фискална консолидација, наведуваат медиумите.

Според прогнозата што ЕУ ја објави вчера, Словенија оваа година е соочена со пад на брутодомашниот производ за два процента, со што земјата ќе се најде во врвот на земјите во еврозоната со најголем пад на стопанска активност. Освен тоа, според оценките на Брисел, Словенија нема да успее да го намали буџетскиот дефицит на под три проценти, туку тој на крајот на годината ќе изнесува 5,1% од БДП.