1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

За милијардите за Грција и стабилноста на еврото

Новиот пакет финансиска помош за Грција најверојатно ќе биде донесен во четврток (21.07). Земјите од еврозоната треба да одржат вонреден самит.

default

Претседателот на советот на ЕУ, Херман Ван Ромпој, соопшти дека седумнаесетте земји-членки на еврозоната ќе одржат вонреден самит, на кој освен за натамошните милијарди за Грција, ќе стане збор и за стабилноста на еврото во целина. Несогласувања има пред се` околу прашањето како приватните доверители, на пример банките и осигурувањата, треба да се вклучуваат во новите пакети. Германија е меѓу земјите која најгласно се залага за тоа. Освен тоа, зачестуваат и барањата за преструктуирање на грчкиот долг.

Италија, пак, барем засега, успева да ја држи ситуацијата под контрола, откако во петокот по брза постапка ги усвои мерките за штедење. По сенатот, и парламентот во Рим ја одобри програмата, чија цел е да ја врати довербата на финансиските пазари во кредитоспособноста на Италија. Владата на Силвио Берлускони предвидува да заштеди 48 милијарди евра. Целта е да се постигне избалансиран буџет веќе во 2014 година.

Автор: ТТ/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска