1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

За Македонија нема директни безбедносни ризици

Панел - дискусија: Безбедносни ризици за Македонија во моментов нема, да се следат актуелните движења и да се работи на внатрешната стабилност.

default

Неприемот на Македонија покажа-НАТО не зборува веќе во еден глас

Во овој момент за земјите од Југоисточна Европа, посебно за Балканот и за Македонија, не постојат опасности од класична војна или агресија, но има многу асиметрични закани кои бараат соодветен одговор од секоја земја одделно, како и од сите држави заедно, беше речено на денешната панел- сесија „Македонски и регионални предизвици пред Самитот на НАТО во Чикаго“.

Систем на паметна одбрана

Македонија и останатите земји од регионот треба да се вклучат во т.н. систем на паметна одбрана што подразбира меѓусебна соработка, помош и влијание на планот на создавањето поволни услови за безбедност.

Според учесниците на трибината, настаните во соседството како последниот во Косово кога беше запалено македонското знаме и кои било следни случувања, не треба да создаваат глобална слика за безбедноста во Западен Балкан и во ЈИЕ. На нив треба да се гледа од аспект на поединечен радикализам.

Kosovo - Erzengelkloster bei Prizren

Случувањата во Косово се последица на подлабоки процеси во Србија и регионот

„Не очекувам дека ваквите настани можат да произведат поголеми нестабилности и нарушувања на безбедносен план. Земјите од регионот, секоја посебно и глобално, имајќи ја предвид нивната одлучност, се подготвени засебно да ги разрешат проблемите, тие да останат на микролокациско ниво и да имаат микролокациско влијание“, истакна Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.

Треба да се биде претпазлив

Оценка на Ризван Сулејмани е дека Македонија мометно не е под безбедносен ризик, но треба да биде претпазлива. Земјата треба да работи многу, посебно на внатршената стабилност како предуслов за зачувување на надворешната стабилност, да ги следи движењета во регионот и пошироко, и навреме да се позиционира врз основа на новонастанатите ситуации.

Последните случувања на Косово, смета Сулејмани, се последица на подлабоки процеси во Србија и во регионот.

„Во Србија има три пункта кои перманентно генерираат криза, не се политиччки, но многу имаат влијание во политиката. Тоа се Српската православна црква, нереформираната поранешна ЈНА и разузнавачките служби кои се длабоко инволвирани во криминал и кои индиректно вршат притисок врз официјалната политика на Белград“, нагласи Сулејмани.

Ако на сите овие процеси се додадат и актуелните случувања, тешката економска криза во Грција, како и движењата во ЕУ, односно тенденцијата на создавањето Унија со прва, втора и трета брзина, тогаш треба да се постави прашањето како сето ова ќе се рефлектира во регионот.

„Ова може да има некаков импакт или последица врз Македонија и соседните земји, уште повеќе кога полека, главната сила САД се повлекува кон својата територија и се интересира за покрупните прашања како Кина, Индија... Во ваков случај, можна е опасност за регионот за одреден период, до воспоставувањето нови играчи, доколку остане во недефинирана позиција“, образложи Сулејмани.

Нема директни безбедносни ризици за Македонија

И новинарката Мирка Велиновска не смета дека има какви било директни безбедносни предизвици во регионот, освен оние што секогаш треба да се пресметуваат во случаи на големи претумбации при распредлбата на светската моќ.

„Темата на оваа панел дискусија сосема би ја променила. Наместо македонски и регионални безбедносни предизвици, која е улогата на големите сојузи како НАТО во преобликувањето на светот за 21 век“, рече Велиновска.

Soldaten der Mazedonischen Armee

Нема опасност од класична војна или агресија, но потребна е претпазливост

Една од констатациите на форумот беше и тоа дека незачленувањето на Македонија во НАТО, домашните јавни дебати по Букурешт го третираа многу површински и го сведоа на наметнатиот проблем за името.

„Факт е дека тоа што Македонија не стана членка на Алијансата е поврзано со името, но се случи и нешто друго. НАТО како хомогена безбедносна структура покажа дека веќе не зборува со еден глас. Со тоа практично заврши униполарниот свет и неговата улога на единствениот безбедносен чувар на регионот и пошироко во светот. Сега е многу потешко да се добие битката за членство во НАТО“, напомена Сулејмани.

Панел сесијата ја организираше Балканскиот форум за безбедност.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Симе Недевски