1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

За косовските политичари изборите се важни за иднината на Косово

*

Лидерот на опозиционата партија Демократска партија на Косово Хашим Тачи оцени дека денеска е историски ден за Косова, а изборите се голема победа на граѓаните. Тој по гласањето изјави дека овие избори не се поврзани со статусот на покраината бидејќи Косово ќе прогласи независност веднаш по крајниот рок за преговори 10 декември. И претседателот Фатмир Сејдиу изјави дека Косово набргу ќе прогласи независност и дека бирачите со денешното гласање даваат и глас за независноста. И лидерот на ОРА, Ветон Сурои ги повика граѓаните што помасовно да излезат на изборите, бидејќи ова „ покажува дека се во состојба и во моментите кога се одлучува за статусот, да организираат избори“.