1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

За кого ќе гласаат доселениците?

Над 5 милиони луѓе со странско потекло ќе можат да гласаат на изборите за Бундестагот на 22.09.2013. За кого ќе се одлучат, зависи и од тоа од кои причини дошле во Германија или на која партија и‘ се наклонети родителите

Поради љубов дошол во Берлин, вели Хуан Диаз смешкајќи се. Веднаш се вљубил во градот во кој припадниците на многу националности се протегааат како шаренолик ќилим. Жоан Диаз е Американец, а неговите родители се Кубанци кои побегнале од режимот на Фидел Кастро во Мајами. Хуан Диаз веќе 7 години има германско државјанство. „Побарав државјанство бидејќи сакам да имам право да соодлучувам. Сакам и јас да одлучувам за тоа кој ќе биде канцелар, кој ќе влезе во парламентот- Бундестагот.“
Според последните податоци на Сојузниот завод за статистика објавена во 2011. година, во Германија живеат 16 милиони жители со странско потекло. Станува збор за луѓе кои сами ја напуштиле татковината или чии родители, или пак дедо и баба, дошле да живеат во Германија. Голем дел од нив се премлади или не можат да гласаат оти немаат германско државјанство.

Бидејќи, само оној кој има германски пасош, има право на глас. Исклучок се граѓаните на ЕУ. Тие и без државјанство можат да гласаат во Германија на локалните и на изборите за Европски парламент.

Наклонетоста кон некоја партија зависи и од земјата на потекло

Според податоците на Сојузната канцеларија за статистика, на претстојните парламентарни избори во септември една третина од луѓето со странско потекло ќе можат да гласаат. Тенденцијата е во пораст: во 2011 година германско државјанство добиле дури 100.000 граѓани.
Една студија на Сојузниот завод за миграција и бегалци направена во 2012 година покажа дека луѓето со странско потекло во просек помалку излегуваат на гласање. За Хуан Диаз тоа е незмисливо: „Супер е кога во поштенското сандаче ќе најдам известување каде и кога можам да гласам. Правото на глас е значајно основно човеково право.“ Како медијатор меѓу стротиставени страни тој многу патува, често ги посетува и земјите од Балкан. Во тој случај својот глас го испраќа по пошта.
Доселениците во Германија кога станува збор за гласањето се понаклонети кон двете големи партии- Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Социјалдемократска партија (СПД), вели Ингрид Тучи од Германскиот институт за економски истражувања. Таа ја истражувала лојалноста на луѓето со странско потекло кон германските партии. Резултатите покажале дека оние странци кои дошле во 50-тите, 60-тите години на минатиот век во Германија како „гастербајтери“ од јужна Европа, Југославија и од Турција, гласаат за СПД. Тие доселеници традиционално доаѓаат од „работничко милје“. Луѓето со германско потекло кои по Студената војна од Советскиот сојуз дошле во Германија, повеќе се наклонети кон Христијанско-демократската и кон Христијанско-социјалната унија (ЦСУ).

Ingrid Tucci Sozialforscherin DIW

Ингрид Тучи, Германски институт за економски истражувања

Промена на тенденциите кај втората генерација

Религијата, вели Тучи, игра релативно мала улога. Нејзините истражувања покажаа дека религијата, степенот на образование и професијата имаат само мало влијание врз наклонетоста кон некоја партија. Истражувањата покажаа и дека мнозинската определба за ЦДУ и за СПД полека исчезнува во втората генерација. Дури 18 проценти од децата на доселениците на пример својот глас го дале за партијата на Зелените.

Хуан Диаз не сака да каже за кого ќе гласа во септември. Во минатото работел за еден политичар од ЦДУ, бил активен во текот на многу седници на Зелените, а често посетува и политички дебати во Берлин организирани од речиси сите партии кои се кандидираат за место во Бундестагот на изборите во септември Порано, раскажува тој, Германците во тие дебати често му велеле „Ти си странец. Ти немаш право да кажуваш нешто“. Тоа го разбеснувало, но сега тој има право да кажува и да соодлучува, сосем официјално.