1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

За името и во Загреб

Проблемот со името трае предолго - оваа порака помошникот на државниот секретар на САД, Филип Гордон му ја пренесе лично и на македонскиот премиер Никола Груевски, на средба во Загреб.

default

Според соопштението на македонската влада, на средбата Груевски - Гордон се разговарало за европската перспектива на Македонија и регионот, како и за стратешкото партнерство со САД. Груевски го информирал Гордон за реформите во земјата и ја искажал определбата за доследно спроведување на Охридскиот рамковен договор, како и посветеноста за изнаоѓање на решение за прашањето за името.

Груевски и Гордон ги осудиле сите пројавни облици на екстремистички структури и заклучиле дека политичкиот процес треба да се заснова на демократски принципи, институционален и политички дијалог, како и доследно спроведување на владеењето на правото.

Автор: АЧ/ЕМФ/макфакс/миа

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM