1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

За злосторства во Сребреница: "27 години затвор за Момир Николиќ"

Хашкиот трибунал му изрече казна на првиот офицер на војската на Република Српска, кој ја призна вината за учество во убиството на околу седум илјади Муслимани во Сребреница во 1995 година. Момир Николиќ доби 27 години казна затор. Портпаролот на Хашкиот трибунал, Џим Ландејл, изјави:

"Ова е највисока казна изречена досега во трибуналот. Случајот е важен зашто Момир Николиќ е првиот офицер на армијата на Босанските Срби кој ја призна вината за злосторствата сторени по падот на Сребреница."

Николиќ како активен учесник во деновите по освојувањето на Сребреница од страна на војската на Република Српска, бил во средиштето на операцијата на разделување на муслиманските жени и децата од мажите, знаејќи за планот дека тие ќе бидат стрелани, рече судијата претседавач, Лиу Дакун.

Во образложението на пресудата, по чие обелоденување Николиќ заплака, се наведува дека тој признал оти како началник за безбедност го надгледувал и координирал процесот на разделување на семејствата, но не сторил ништо за да го запре тепањето, понижувањето, разделувањето и убиствата.

Мажите од Сребреница се стрелани организирано кај реката Јадар, во магацин во селото Кравица, училиште во Петковци, културниот центар во Пилица и во селата Тишче и Ораховац. "На една локација, воената фарма Брањево, стрелани се 1 200 мажи. Вкупно, убиени се седум илјади мажи", нагласи судијата Лиу.

Предлогот на обвинението беше казна на Николиќ во траење од 15 до 20 години, додека одбраната бараше максимум 10 години. Судскиот совет, меѓутоа, заклучи дека ниедна од овие казни не е соодветна на злосторствата за кои Николиќ ја призна вината. Притоа судиите го признаа како олеснителна околност фактот дека тој ја призна вината, беше подготвен да сведочи, се покаја и им се извини на жртвите.

Момир Николиќ беше уапсен од страна на СФОРР на први април 2002 година, а на првото сослушување изјави дека не е виновен. Вината ја призна на седми мај годинава. За злосторствата во Сребреница вината ја призна и началникот на штабот на Зворничката бригада на војската на Репблика Српска, Драган Обреновиќ, кој очекува изрекување на казната во текот на овој месец.