1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

За ЕУ е важно Србија да има силна влада

Наспроти изборите на сите нивоа во Србија, пораката од Брисел гласи дека на Белград му се потребни силна влада и силен претседател, кои ќе ги решаваат проблемите и отворените прашања.

Одлуката на претседателот на Србија да го скрати својот мандат и да излезе на предвремени претседателски избори во Меѓународната кризна група (МКГ) ја оценуваат како нормална. „Тадиќ очекува да профитира од фактот дека Србија неодамна доби статус на кандидат за членство во ЕУ. Тој смета дека тоа му е една од неговите ’силни карти’ во кампањата. За односите Србија-ЕУ важно е во Белград да постои силна влада и силен претседател за да може земјата да напредува кон пристапните преговори. Пред Србија ќе бидат поставени силни услови и земјата ќе мора да направи многу работи со цел, да се надеваме до крајот на годината, да добие датум за почеток на преговорите. Значи природно е претседателот во овој случај да преземе иницијатива за да може Србија да напредува на европскиот пат“, вели за ДВ Сабинe Фрејзер, директорка на МКГ за Европа.

Приоритети: економијата, Косово и ЕУ

Во МКГ оценуваат дека е важно тоа што Тадиќ како приоритети и на својата идна политика ги наведува решавање на конфликтот со Косово и продолжување на патот на Србија кон ЕУ. Фрејзер вели дека постои уште и прашањето на комплицираната економска ситуација во Србија, и уште оти овие три прашање се поврзани меѓусебе.

Sabine Freizer

Сабинe Фрејзер, директорка на МКГ за Европа.

„Мнозинството луѓе кои ќе излезат на гласање ќе земат предвид и дали претседателот може да ја поправи и економската ситуација. Понатаму Србија мора да го примени договореното во дијалогот со Приштина, како што е заедничкото управување со границите, чија имплементација засега се одолговлекува. Истовремено, тука е и загриженоста околу организацијата на српските избори на Косово. Ако Србија се обиде да го стори тоа, тоа ќе биде во спротивност со Резолуцијата на ОН 1244 и контра нормализацијата на односите Србија- Косово. Затоа е важно да се најде решение кое ќе им овозможи на Србите на Косово да гласаат, но не и српските власти да организираат избори на територијата на Косово“, објаснува Фрејзер за ДВ.

По изборите е можно покренување дијалог

Со констатацијата дека пред Србија е уште долг пат на евроинтеграции, во МКГ велат дека Белград може да напредува кон ЕУ и да игра важна улога во регионот се‘ додека ги применува договорите кои ги склопува.

„Во оној момент кога прашањето на владата и на претседателот во Србија ќе биде јасно, може да се разгледа и можен почеток на политички дијалог меѓу Србија и Косово, за да се решат меѓусебните разлики. Значи досегашниот технички дијалог да се унапреди во вистински политички разговори“, заклучува Сабине Фрејзер.