1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

За едните потврда, за другите политика

За најголем дел од земјите што го имаат признато Косово, пресудата на Меѓународниот суд на правдата претставува потврда за нивниот став. Русија, пак, смета дека пресудата е повеќе политичка отколку чисто правна одлука.

default

Судиите на МСП во Хаг

САД, Франција, Велика Британија и Германија ја поздравија вчерашната одлука на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, со која, според нив, се потврдува независноста на Косово. Шефицата на американската дипломатија, Хилари Клинтон, притоа, ги повика сите земји, вклучително и Србија, да го признаат независно Косово.

Вестервеле: Иднината на Косово и на Србија е во Европа

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле ги повика Белград и Приштина да се насочат кон својата европска иднина.

„Сега политиката е на потег, бидејќи досега тоа беше правен процес, а сега станува збор за дијалог. Србија и

Außenminister Westerwelle in Uganda

Вестервеле: Политиката е на потег, време е за дијалог

Косово мораат да знаат дека нивната иднина е во Европа и да се однесуваат конструктувно и прагматично кон прашањата од секојдневието во интерес на граѓаните на нивните земји“, изјави Вестервеле.

Од ЕУ ја поздравија одлуката на Судот и изразија подготвеност да помогнат во дијалогот меѓу Србија и Косово. „Тој дијалог ќе има за цел да ја зајакне соработката, да постигне напредок на патот кон Европа и да го подобри животот на нивните граѓани“, изјави шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон.

Ставот за непризнавање останува

Ставот на Русија и на Словачка за непризнавање на независноста на Косово останува непроменет, а решавањето на проблемот е можно само по пат на преговори меѓу заинтересираните страни, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Шпанија, пак, порача дека ќе ја почитува одлуката на судот во Хаг, но не наведе дали ќе ја признае независноста на Косово.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги повика денеска сите страни во Косово да не дозволат провокации по соопштувањето на одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг за поддршка на легитимноста на прогласената независност на Косово.

Автор: СН/АТ/бета/миа/ртре

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска