1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

За да добиеш работна дозвола, те цедат како лимон!

Многу Источноевропејци во надеж за подобар живот заминуваат на Запад. Но, пазарот на работна сила во Германија останува затворен за новите членки на ЕУ, Романија и Бугарија, до 2013 година, иако некои се снаоѓаат...

default

„Мек Доналдс“ има своја стратегија

За граѓаните на Бугарија и Романија, новите членки на ЕУ, во Германија важат преодни правила, кои најверојатно ќе ја држат затворена вратата на пазарот на работна сила до крајот на 2013 година. За работа во Германија, потребна е работна дозвола од надлежните влaсти. Тоа не е ни малку едноставно, а некогаш е дури и неможно. Една од можностите е да се најде фирма која нуди договор на една година, одобрен од страна на Агенцијата за вработување. Откако некој една година работи во Германија, добива трајна дозвола за работа во ЕУ. Една од фирмите кои нудат таков договор е "Мек Доналдс“, а еден Бугарин, кој сака да остане анонимен, ќе го наречеме Митко, се вработил во неа. Митко, инаку, бил вработен во градска управа во својата земја и за тоа добивал 90 евра месечно, што го поттикнало да бара работа во странство.

„Едноставно испратив мејл на вистинската адреса и добив договор на четири месеци, што потоа го продолжив“,

50 Jahre McDonald's Jubiläum

раскажува Митко, објаснувајќи дека адресата била - „Мек Доналдс“.

Се‘ има своја цена...

Но, работата не е лесна. Потребни се добри нерви и физичка сила, па работата е непривлечна за многумина кои веќе имаат работна дозвола во Германија. За критериумите за вработување во „Мек Доналдс“ и за работата Митко вели:

„Таа работа никој не ја сака, но за Бугарите е добра, зашто не се поставуваат никакви предуслови, не е потребно дури ни знаење на јазикот. Фирмата обезбедува сместување, се‘ оди автоматски, тоа е добро разработен систем, прилагоден на ситуацијата на овдешниот пазар на работна сила.“

Но, се‘ има своја цена, за што Митко вели: „Оваа работа не ја препорачувам секому. Остануваат трајни траги. Тоа е систем на експлоатација. Претставете си еден соковник. Вие сте лимон што го фрлаат во соковникот. Таков е системот на „Мек Доналдс“, фирмата го добива она што и‘ треба. Ништо не е бесплатно“, вели Митко, кој по 12 месеци добил работна дозвола за ЕУ и веќе почнал да бара друга работа.

Автор: Деница Василева / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска