1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

За Грција нема пари, туку солидарност

Грција планира преку строги мерки на штедење да ја спаси земјата од финансиски колапс и да спречи слабеење на еврото. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во Берлин доби поддршка од германската канцеларка Ангела Меркел.

default

Германската канцеларка Ангела Меркел вистински се трудеше да го избегне значењето на грчката финансиска криза како европска катастрофа. Со ниеден збор не се осврна на домашно предизвиканите причини за мизеријата. Наместо тоа, ја пофали програмата за штедење на владата на Папандреу и понуди поддршка:

„Што може да направи Германија? Германија може да покаже солидарност со Грција. Германија може да направи се‘ за да го прекине говорот на емоциите, а ако веќе постојат, тоа да бидат емоции на подготвеност за помош, пријателство и разбирање во тешката ситуација.“

Не се важни парите, важен е угледот?

Грција не молеше за финансиска помош, потенцираше Меркел по разговорите со грчкиот премиер. Папандреу, кој на функцијата е од октомви, во Берлин не бараше толку пари, колку што му беше важен оштетениот углед на неговата земја, па се трудеше да го поправи. Неговата програма за штедење е болна и тешка, изјави Папандреу, но само така земјата може да го поврати добриот глас:

„Верувам дека повторното добивање доверба и веродостојност во меѓународни рамки играат голема улога, сметам дека грчката влада и грчкиот народ неа ја заслужуваат. И‘ благодарам на госпоѓа Мрекел за нејзината поддршка.“

George Papandreou und Angela Merkel in Berlin 05.03.2010 Flash-Galerie

Папандреу сака да добие позајмици по поповолни услови, а за тоа му е потребна солидарноста на неговите европски партнери

Нема да се продаваат острови

Во моментов, Грција плаќа многу високи камати за кредитите на меѓународните финансиски пазари. Папандреу сега сака да добие позајмици по поповолни услови, а за тоа му е потребна солидарноста на неговите европски партнери, исто како и согласноста на Европската централна банка и ММФ.

Тој не сака да им ја префрли одговорноста на другите, изјави грчкиот премиер. Со тоа одговори на стравувањата дека кризата може да го ослаби еврото и скапо да ги чини скапо германски даночни обврзници. Истовремено, Папандреу го отфрли предлогот Грција да го подобри својот државен буџет преку продажба на ненаселените острови.

Поголем смисол би имала борбата против шпекулантите, кои на финансиските пазари сакаат да профитираат од финансиската криза на Грција, смета Папандреу. Тој и тука доби полна поддршка од германската влада.

Автор: Нина Веркхојзер / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM