Патување
За влез во Грција се чека со часови
24 јуни 2017Реклама
Продолжениот викенд во Македонија и годишните одмори се причина за огромната гужва на граничниот премин, велат надлежните погранични власти. На границата чекаат илјадници луѓе.
Еден од граѓаните заглавени во колоните на границата за Дојче веле изјави дека чека околу три часа и дека владее нервоза. За влез во Грција чекаат претежно автомобили со македонски и српски регистерски таблички.
Според соопштението на АМСМ, на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија.