1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

За влакно избегнат судир на воени бродови на САД и Кина

Опасна конфронтација во Јужното Кинеско Море: еден кинески воен брод се испречи пред патот на американски ракетен крстосувач. Само брзите маневри на Американците го спречиле судирот.

Кинескиот воен брод, според наводите на американската пацифичка флота, се обидел да го запре американскиот колос „УСС Коупенс“ За да се спречи колизија, ракетниот крстосувач морал да започне маневар на итно свртување. Кинескиот воен брод нападно го попречувал американскиот брод, тврдат САД. Инцидентот се случил на 5. декември во меѓународните води во близина на кинескиот брод, носач на авиони „Лиаонинг“ (на насловната фотографија). Тој бил во придружба на две фрегати и разорувачи и првпат бил во пловидба во Јужното Кинеско Море. Реновираниот, поранешен советски носач на авиони досега бил користен само во обучувачки цели.

По инцидентот Кинезите сепак го смениле курсот на бродот. Американскиот воен брод инаку бил во рутинска мисија.

На денот на инцидентот американскиот потпретседател Џо Бајден беше во посета на Пекинг. Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама инцидентот го издигнала на „високо дипломатско ниво“, се вели од Вашингтон.

Ситуацијата во Јужното Кинеско Море и така е тензична поради територијалниот спор меѓу Кина и нејзините соседи. Напнатоста се зголеми минатите недели, откако Кина, во спорот со Јапонија околу ненаселената група острови во Источното Кинеско Море, прогласи зона на воздушна одбрана. САД, Јапонија и Јужна Кореја официјално не ја признаваат новопрогласената зона и и понатаму продолжуваат да вршат ненајавени воени летови во областа.