1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

За арапските медиуми конференцијата во Рим е неуспешна

Одговорноста им се префрла на САД. Политиката воздржана

Демонстрации во Каиро

Демонстрации во Каиро

Во арапскиот свет досега упадлива воздржаност на државниците во оцената на конференцијата во Рим. Засега нема официјални коментари од страна на шефови на држави или на влади. Но, затоа пак, медиумското ехо е едногласно: конференцијата за Либан доживеа неуспех.

Речиси сите весници пишуваат за неспособност на меѓународната заедница да наметне итен прекин на огнот на Блискиот исток. Египетските весници „Иџипт газете“, близок до владата, „Дејли стар“ - а и многу други, одговорноста за неуспехот на конференцијата пред се’ им ја префрлаат на САД. Конференцијата и американскиот став доведоа само до тоа, Израел да добие повеќе време за бомбардирање. Немоќта на дипломатијата ретко кога била толку очигледна, пишува „Дејли стар“.

И кај луѓето на улиците на Каиро владее големо разочарување, пред се’ поради – како што сметаат - безбојниот и слаб настап на арапските држави. Во Каиро и вчера повторно дојде до демонстрации, на кои уште еднаш беше осудена израелската агресија и беше искажана солидарност со водачот на Хезболах Хасан Насралах. Претставник на египетското опозиционо движење „Кифаја“ изјави дека може и не мора да се биде согласен со идеологијата на Насралах, но тој повторно го воспостави она достоинство на отпорот, кое одамна беше загубено. Други демонстранти бараа дури и раскин на мировниот договор со Израел и прекин на дипломатските односи.

Претседателот Хосни Мубарак за весникот „Ал Џумхурија“ изјави дека Египет нема воено да се ангажира во конфликтот во Либан – во преден план била грижата за проблемите во сопствената земја. Египетската армија е само за одбрана, и во тоа ни во иднина нема ништо да се промени, вели претседателот Мубарак.