1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

За Анкетната комисија и Деловникот - наредната недела

Во текот на наредната недела ќе биде свикана седница на македонскиот парламент околу формирањето Анкетна комисија и Деловникот за работана парламентот, најави во Охрид претседателот на Собранието Трајко Вељановски.

default

Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељановски денеска (18.07.2010) во Охрид рече:

„Парламентот има капацитет да излезе со решение. Имам намера до крајот на претстојната недела да свикам нова седница со две точки: Формирање Анкетна комисија и Деловник. Убеден сум дека политичките партии кои се учесници во преговарањето по двете точки, со моја помош дека ќе изнајдат решение да ги изгласаме, првенствено во интерес на граѓаните на Македонија. Не сакам да поверувам дека некој би работел против интересите на граѓаните и оттука мојата убеденост дека до крајот на неделата ќе испорачаме цела, комплетна позитивна слика за Република Македонија и на тој начин ќе го испишеме позитивно извештајот за Република Македонија“, рече Вељановски.

Евроамбасадорот Ерван Фуере, кој денеска исто така беше во Охрид, повтори дека дијалогот е решение за проблемите и подвлече дека ЕУ очекува несогласувањата да бидат надминати:

Ervan Fuere

Фуере: Дијалогот е решение за проблемите

„Со добра волја и флексибилност може да се надминат недоразбирањата, а во таа насока е и улогата на претседателот на Парламентот, да го искористи позитивниот дух во изнаоѓањето компромис“, порача Фуере.

Тој потсети дека евентуално постигнат компромис наредните денови ќе помогне за обновувањето на политичкиот дијалог, за кој потсети дека бил на мошне високо ниво минатата година, а воопшто не функционира од почетокот на оваа година.

„Апелираме до политичките партии да изнајдат компромисно решение наредните денови, за Македонија да добие позитивна оценка на престојниот Советот на министри на Договорот за стабилизација и асоцијација, што ќе се одржи на 27 јули“, рече Фуере.

Автор: МЈ/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска