1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

„За акциите на ЦИА не може јавно да се зборува„

Вечер во куса посета на Германија се очекува да допатува американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс.

Втора средба во едена недела. Се очкеува Рајс да му ги објасни акциите на ЦИА на колегата Штајнмајер

Втора средба во едена недела. Се очкеува Рајс да му ги објасни акциите на ЦИА на колегата Штајнмајер

Во разговорите со нејзиниот колега Франк-Валтер Штајнмајер и на утрешната средба со канцеларката Ангела Меркел, Рјас се очекува да зборува и за извештаите околу авионските префрлувања затвореници од страна на ЦИА, како и за наводните тајни затвори во Европа.

Ветување за разјаснување дојде од Стивен Хедли, советник за национална безбедност во владата на претседателот Џорџ Буш. Меѓутоа, од турнејата на Кондолиза Рајс во Европа не треба премногу да се очекува во врска со информирањето околу тајните летови на ЦИА и затворите. Тоа го најави и Хедли во интервју за ЦНН:

„Ако имало такви акции, тогаш за тоа не можеме јавно да зборуваме. Во битката против тероризмот американската влада работи заедно со некои други држави„., изјави Хедли при што го нагласи придржувањето кон три правила:

„Прво, САД се придржуваат кон својот устав, своите закони и кон обврските од договорите. Второ, ние го почитуваме суверенитетот на партнерите во соработаката и трето, никој нема да биде транспортиран по светот за каде и да е да биде измачуван„.

Хедли не беше подготвен за натамошни прецизирања. Тајни летови на ЦИА и тајни затвори – немаше демант, но ниту потврда од негова страна. Тој сепак призна дека осомничени за тероризам повремено биле префрлувани од една во друга земја, но тоа за Хедли е вообичаено во борбата против тероризмот:

„Такви работи имаше и пред нападите од 11 септември 2001, пред оваа влада, а тоа го прават и други држави„.

Очигледни беа напорите на Хедли акциите на владата на Буш и на тајната служба ЦИА од една страна да ги претстави како легални, а од друга дека другите влади биле информирани за таквите постапки. Оттаму, веројатно не е случајно што весникот „Вашингтон пост„ вчера опширно информираше за тоа дека претходната германска влада веќе во мај 2004 била информирана за погрешното апсење на еден Германец од страна на ЦИА. Американскиот амбасадор Даниел Коутс го замолил бившиот министер за внатрешни работи Ото Шили да молчи. Кон крајот на 2003 имено, едне Германец по потекло од Либан беше уапсен во Македонија па потоа префрлен во Авганистан. Подоцна се покажа дека тој бил жртва на замена.

Без да навлегува во подорбности, советникот Хедли призна дека во агресивната борба против тероризмот понекогаш се случуваат грешки и дека повремено луѓето одат предалеку, но ако го прават тоа, јасно е што се случува: се води истрага, по потреба се покрева обвинение и луѓето се казнуваат. Потоа се менуваат правилата за постапување за да се спречат такви грешки во иднина. Колку грешки се направени, на тоа прашање Хедли не сакаше да одговори.