1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Заштитна програма против и-меил шпионажа

За заштита на деловните тајни на претпријатијата веќе не се доволни антивирусните програми. Важните податоци излегуваат и преку и-меил. Фирмата „Бефајн Солушнс“ разви програма за сигурен трансфер на информации.

Фрајбург во југозападна Германија. Универзитетски град и научен центар. Овде е седиштето на „Бефајн Солушнс“, фирма која сака испраќањето електронска пошта да го направи сигурно.

Криминалните активности на некои луѓе му донесоа муштерии на раководителот Јозеф Химелсбах: „Една средно голема фирма од Шварцвалд, со филијала и сопствен истражувачки центар во Кина, констатирала дека електронската пошта не стигнала во филијалата. По проверката на сите технички можности, дошле до заклучок дека меиловите мора да биле некаде нападнати“.

Сомнеж за шпионажа. А, тоа во регионот посебно шири страв. Во јужна Германија се стационирани повеќе средни фирми и истражувачки центри, кои бараат поголема заштита.

„Од пред една недела бележиме зголемена побарувачка. Тоа посебно се чувствува по посетите на нашата веб страница.“

Во фирмата работат 15 луѓе. Програмата за сигурен трансфер на податоци е нивниот најважен производ. Тој се инсталира едноставно на обична електронска пошта.

Наместо пораката да се прати директно од испраќачот до примателот, заедно со атачментите се шифрира и се става на еден сервер. Примателот добива лозинка и така може да ја симне пораката.

Лица отстрана можеби можат да ја прочитаат, но тоа не им користи, затоа што таа е шифрирана.

Рене Хартвиг, изработувач на софтвери, истакнува: „Овде се гледа дека имате значи читливи, сосема нормални низи од бројки и букви, а можете да видите и дека овде човек не може ништо да препознае. Ова може да е некој текст или, пак, нешто друго.“

Досега многу претпријатија ги испраќаа своите податоци нешифрирани. И покрај тоа што вложуваат многу пари во ИТ-безбедноста, преку антивирусните програми. Раководителот Јозеф Химелсбах: „Верувам дека најголем број фирми, кои имаат добри производи, добра пазарна позиција и сакаат да продаваат на светскиот пазар, сега интензивно ќе размислуваат како да ги заштитат податоците при трансферот преку електронска пошта.“

Зашто, штетите можат да бидат многу големи, ако не постои заштита против упади во електронската пошта.