1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Заштита на архитектонското наследство во југоисточна Европа

Во Стразбур деновиве беше претставена изложба на фотографии од 186 приоритетни архитектонски и археолошки споменици од југоисточна Европа, на кои им е потребна заштита.

default

Изложбата е прикажана во Палатата на Европа во Стразбур

Од 2003 година Советот на Европа и Европската комисија работат на „Планот за спроведување на проектите за целосна рехабилитација и евалуација на архитектонското и археолошкото наследство во земјите од југоисточна Европа“. Новата фаза од оваа акција е насловена „Процесот од Љубљана“ која има за цел да обезбеди финансирање на 26 проекти, проценети на 47 милиони евра. Во рамките на програмата, во Стразбур беше претставена изложба на фотографии од 186 приоритетни архитектонски и археолошки споменици од овај дел на Европа, на кои им е потребна заштита.

Заштитата на културното наследство поттик за односите меѓу народите во регионот

Ausstellung in Europa Palais in Straßburg Ljubljana Prozess

Изложбата на фотографии поставена во Палатата на Европа во Стразбур ја инагурира претседателот на Словенија Данило Турк. Нејзината цел беше да се промовира богатството на културното наследство на земјите од регионот наречен југоисточна Европа. Рехабилитацијата на спомениците во земјите од Западен Балкан, меѓу кои многу беа оштетени во текот на војните е значајна, не само поради нивната вредност, туку и поради приближувањето на луѓето, враќањето на довербата меѓу заедниците и меѓукултурниот дијалог, затоа ангажирањето на Советот на Европа и Европската комисија во овај проект.

„Ние соработувавме со сите земји, ние ги обврзавме да самите ги определат на ниво на целиот регион на југо-источна Европа, а не само на национално ниво архитектонските и археолошките споменици кои заслужуваат да бидат заштитетни и валоризирани, ние им дадовме европски лабел на квалитет. Ние, Советот на Европа и Европската комисија се ангажиравме во процесот на рестварација и тоа доведе до процесот од Љубљана, кој има за цел да им даде финансиски средства на земјите од регионот за да напреднат во реконструкцијата, обновата и заштитата на архитектонското и археолошкото наследство.“ – објаснува Габриела Баттаини-Драгони, генералната директорка за образование, култура, наследство млади и спорт при Советот на Европа.

Во Република Македонија од вкупно 15 идентификувано архитектонски и археолошки споменици со програмата од „Процесот од Љубљана“ се опфатени Златковата кула во Кратово, цркавата св.Богородица Периблептос од Охрид и св.Ѓорѓија од Старо Нагорчане.

Балканот има огромно културно богатство

Ausstellung in Europa Palais in Straßburg Ljubljana Prozess

Изложените фотографии на кои беа опфатени сите 186 споменици од осумте земји од југо-источна Европа, го привлекоа вниманието на бројните посетители и вработените во Советот на Европа. Многумина од нив беа изненадени од убавината не само на спомениците, туку и на средината каде тие се подигнати.

„Изложбата ме мотивира бидејќи спомениците кои ги фотографиравме се непознати за пошироката европска јавност. Денес можам да кажам дека Балканот има огромно богатство, кога станува збор за културното и историското наследство.“ Со задоволство ни објаснува Сандро Велтин еден од фотографите кој работеше на изложбата. Тој притоа признава дека темата на културното наследство е интересна тема, но не е лесна за обработка.

„Заедничката работа, дозволи да се добие тешката борба да се оди подалеку од поделбите, бидејќи им дозволивме на различни народи да споделат заеднички проекти за одбрана на наследството. Тоа беше најдобриот начин, принудувајќи ги да работат заедно, за да им се даде задоволство да го заштитат ова наследство, што ќе остане да сведочи и во наредните години во југоисточна Европа.“,заклучува Габриела Батаини-Драгони.

Но обичните луѓе, имаат други грижи. „Сретнав многу луѓе кои без сомневање живеат од ден за ден, за нив културното наследство и старите камења не претставува интерес,“ констатира Сандро Велтин.

Архитектонските и археолошките наследства на југоисточна Европа имаат потреба од заштита. Но покрај нивната рекоснтрукција, потребно е и запознавање со нивното значење и убавина на луѓето кои живеат веднаш до нив и потоа пошироко во Европа и светот. Со тоа не само што ќе се помогне во нивното зачувување, туку пред се’ ќе се дозволи враќање на животот во и околу овие споменици.

Автор:Тони Гламчевски

Редактор: Симе Недевски