1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Заштитата од поплави никогаш не е доволна?!

Водостојот се качува и качува - единаесет години по последната катастрофа се закануваат нови поплави од невидени размери. Дали Германија извлече поука од досегашните природни катастрофи?

Обилните дождови пред единаесет години го покачија водостојот на Елба и нејзините притоки, по што водени маси од дотогаш невидени размери го полавија истокот на Германија. Овие поплави во 2002 година ја наметнаа темата заштита од оваа природна катастрофа високо на политичката и општествената агенда. Меѓутоа сеќавањата на оваа историска катастрофа во меѓувреме речиси избледеа, вели Андреас Шуман, професор по водостопанство на Рур универзитетот во Бохум.

Hochwasser Flut Sachsen Chemnitz

Поплавена улица во Кемниц, Саксонија

„Имаме огромен дефицит на свест за поплави“, вели тој. Тоа прераснува во проблем онаму, каде луѓето со генерации се' поблиску се населуваат до реките  - и тоа во Германија е речиси насекаде така. „Областите каде се можни поплави мора да бидат зона каде нема да се гради“, нагласува Шуман. Но ова беше неуспешно, бидејќи жителите на овие области постојано го потценуваат овој ризик. Наместо тоа, се'повеќе веруваат во техничките мерки за заштита од висок водоствој, значи на пример во тоа насипите да се градат повисоко и постабилно.

Браните се важни за луѓето

„Вложимве многу пари“, одговара пратеникот во покраинскиот парламент на Саксонија и експерт за животна средина Андреас Хајнц на прашањето - што во неговата покраина е направено во изминатите години по прашањето на заштита од висок водостој. Покраината Саксонија на југоистокот на Германија во 2002 година беше силно погодена од природната катастрофа. Во што биле инвестирани парите? Хајнц прво говори за техничките мерки, како засилување на насипите или поголеми басени, кои доколку е потребно можат да собираат вода. Се разбира тоа е напредок, вели Андреас Шуман. „Овде се препознати слабите точки и истите се подобрени“. Сепак, тој опоменува: „Нема апсолутна заштита од висок водостој и техничката заштита од висок водостој секогаш мора да биде поврзана со прашањето: што ќе се случи, ако таа не биде ефикасна?“

Deich macht Platz für die Oder

Повеќе простор за реките

Винфрид Ликинг, експерт за заштита од висок водостој во здружението за заштита на животната средина „Бунд“ смета дека на едно друго прашање му се обрнува премалку вниманиене: Како да се намали опасноста од поплави? По 2002 година, тогашната сојузна влада одржа национална конференција за реките под мотото „Да им се даде повеќе простор на реките“. На пример, требаше да се создадат услови, при висок водостој, водата да може да истекува на широки површини со низок водостој, со тоа што бедемите ќе бидат поместени од бреговите. „Но за жал малку се примени од овие мерки“, критикува Ликинг. На Елба, на пример, се направени многу малку вакви бедеми и тоа поради голем притисок од здруженијата за заштита на природата.

Место за реките наместо за луѓето

Ваквите бедеми меѓутоа се мамутски проекти, кои не можат да се реализираат од денес до утре. Со генерации луѓето градеа насипи и се' повеќе им се приближуваа на реките. Овој процес не може да се смени во рок од десет години, признава Ликинг. Освен тоа, планирањето е неверојанто комплициран процес. Така е и поради тоа што мерките за заштита од полави колидираат со голем број интереси.

Mühlberg an der Elbe

Милберг на Елба

Земјоделците не сакаат да ги отстапат своите полиња, жителите не сакаат да ги загубат своите куќи и имоти, општините стравуваат дека нема да можат доволно да се развиваат. Постои голем отпор на реките да им се врати нивниот простор. „Сите велат: тоа може радо да го направите, но не кај нас“, појаснува Ликинг.

Пратеникот во покраинскиот парламент Хајнц има искуство со тоа. Тој дојде до заклучок дека кај луѓето се' повеќе опаѓа разбирањето за мерикте за заштита од поплави. Жителите дури и протестираат против мерките, кои всушност треба да ги штитат. „Има погодени кои велат: не сакам повисок бедем, оти така ќе гледам само во насипот и нема повеќе да имам убав поглед“, вели овој политичар.

И покрај сите напори и отпори, поплави ќе има и во иднина, како и луѓе кои ќе се населуваат крај реките. „Секоја поплава ни покажува нови слаби точки, бидејќи секоја е различна. Колку подолго ги набљудуваме овие екстремни случувања, толку повеќе учиме за ризичното однесување на природата“, вели Анреса Шуман од универзитетот Рур во Бохум. Тоа ја става заштитата од висок водостој во Германија и во светот пред постојана задача, која никогаш нема да биде завршена. „Во постојан натпревар сме со природата, која постојана ни фрла на маса нови, непознати сценарија“. Колку брзо ние луѓето ќе извлечеме поука од тоа е наша работа.