1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Заштедите на гастарбајтерите и натаму „замрзнати“

Гастарбајтерите од поранешна Југославија треба да си ги добијат парите назад, што ги загубија со банкротирањето на банките во нивната татковина. Ова го бара Европскиот суд за човекови права.

Сафет Алимехај не е единствен случај. Тој наследи штедна книшка од неговите родители, но парите се загубени. Алимехај е син на југословенски гастарбајтери. Неговите родители во 70-тите години дојдоа во Германија. Заштетите од Ној Улм тие ги префрлуваа дома на сметка во Љубљанска банка. Оваа банка банкротираше по распадот на Југославија. По распадот од Љубљанска банка произлезе словенечката Нова Љубљанска банка. Но и покрај тоа таа не се гледа како правен наследник.

Погодени се стотици илјади граѓани

Само во Германија 300.000 луѓе со корени во поранешна Југославија доживеаја слична судбина како родителите на Сафет Алимехај, појаснува минхенскиот адвокат Петер Матил. Тој ги застапува интересите на погодените, кои во меѓувреме се германски државјани.  „Овие луѓе со години или децении уплаќаа на нивните штедни книшки. Во 1994 година беше основана банка која ги презема сите имотни средства на банката, но не и долговите од штедните книшки.“

A

Петер Матил

Одлука одобрена од словенечката држава, и покрај гаранциите на владата при отоврањето на штедните книшки. Тоа е криминал, смета Петер Матил. Неговите клиенти се на исто мислење.

Привлечени со високи камати

Во 1970 тите години во Германија имаше околу 600.000 југословенски работници. „Љубљанска банка целно се обидуваше да ги привлече да отворат штедни книшки, со високи камати до 12 проценти“, појаснува правникот Матил. Уште пет други банки преземале слични чекори. 

Гастарбајерите во Германија, но и во Австрија, Франција, Швајцарија и Шведска одеднаш по банкротот на банките во рака држеа безвредно парче хартија, што се нарекуваше штедна книшка. Многумина поднесоа тужби во нивната татковина, но не успеаа во тоа. Новите држави не ги исполнија своите обврски.

Една мала група погодени штедачи во 2008 година поднесе тужба пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, откако правните инстанци во нивните матични држави немаа слух за нивните проблеми. На почетокот на овој месец европските судии предусија во корист на тројца граѓани. Меѓутоа од одлуката на судот произлегува дека заштетите треба да им се врата на „сите останати кои се во иста ситуација“. Кон ова се надополнуваат и каматите кои банката ќе треба да ги исплати за заштетите, како и околу 4.000 евра по човек за „претрпено страдање“. Тоа значи според Петер Матил дека државата односно банката ќе мора да исплатат двоцифрени суми во милијарди, бидејќи многумина гастарбајтери имаат заштеди од 100.000 евра и повеќе.

Но и покрај пресудата на судот, наплатата на долговите во пракса е невозможна. Судот во Стразбур имено може да утврди дали нечии човечки права биле загрозени, но неможе да ја натера државата да ги исплати тие средства, вели професорот Петер Баумајстер од универзитетот во Хајделберг. Дури и ако таква одлука донесе некој германски суд, не значи дека примената на една таква пресуда би била загарантирана.

Според адвокатот Петер Матил постои уште една пречка: „Пресудата се’ уште не е правосилна. Се’ уште постои можност за жалба пред Судот за човекови права“. А Словенија веќе најави, дека ќе поденсе таква жалба за пресудата.

Крајот е неизвесен

Минхенскиот адвокат Петер Матил сепак е уверен дека ослуката на судиите во Стразбур ќе им помогине на неговите клиенти. „Тоа не е само теоретска или филозофска пресуда. Тоа мора да се почитува и да се земе в предвид при други пресуди“. Професорот Баумајстер меѓутоа е помалку оптимист: „Мислам дека оваа пресуда влева надеж, но е далеку од еуфорична“.

Со голема веројатност ќе има и други судски пресуди за оваа проблематика. Но дали гастарбајтерите некогаш ќе ги добијат своите пари, останува отворено.