1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Затруеното наследство на Гадафи

Четири децени Муамер ел Гадафи стоеше на чело на Либија. Една година по неговата смрт земјата се бори за изградба на нова државна структура.

Се претставуваше како пријател на Французите, одржуваше приеми за по некој државник и во последните години од неговото владеење се чинеше како да стана поблаг. Но пријатели или сојузници самоименуваниот водач на либиската револуција Моамер ел Гадафи одамна немаше. Впрочем тој се покажа како непресметлив, поддржуваше различни терористички групи и конечно брутално се сврти против сопственото население. Така во Советот за безбедност на ОН немаше ниту еден единствен против глас кога пролетта 2011 година беше одобрена мисијата на НАТО против либискиот диктатор. Тоа значеше крај на ерата Гадафи, но негативните последици од неговото владеење се’ уште се чувствуваат.

Забранети партии, потисната опозиција

Тоа не зачудува, конечно синот од едно бедуинско семејство четири децении ги даваше насоките во Либија- прво како претседател, а од 1979 година како самоименуван водач на револуцијата. Независно од тоа кој беше претседател или премиер во државата, целата власт фактички беше во рацете на Гадафи. Партии не беа дозволени, опозицијата беше потисната. Од страв од силни противници Гадафи систематски ја запоставуваше инфраструктурата во својата земја. Конкуретни центри на моќ воопшто не смееја да се создадат, дури и на армијата практично и беа врзани рацете.

Сега Либијците мораат да формираат целосно нови политички структури и институции. „Тоа е извонредно голем предизвик, одново да се формираат целата државна администрација, силите за безбедност и армија“, вели Гинтер Мајер професор и раководител на Центарот за истражување на арапскиот свет.

Спор околку новиот поредок во земјата

Новиот предок на земјата во изминатите месеци предизвика жестоки дебати, поради тоа што различните групи население во Либија имаат и различни интереси. Тоа има историски корени: Пред Гадафи во 1969 година преку пуч да дојде на власт, трите региони Циренаика, Фесан и Триполи имаа одделен идентитет. Под првиот владител на Либија, кралот Идриз земјата до 1963 година имаше федерален устав. Претходнио трите региони беа италијански колонии - а пред тоа никогаш не беа единка. До денес за многумина Либијци е поважна поврзаноста со нивнито град и племе отколку со државата. Развој кој се должи на тоа што многумина имаат лошо искуство со централна власт. Имено Гадафи ја контролираше и индустријата со нафта и со тоа целото стопанство во земјата. Од приходите од црпењето на нафтата под неговото владеење профитираше пред се’ главниот град Триполи и неговиот роден регион Сирте. Регионот Циренаика на истокот со метрополата Бенгази напротив беше запуштен. Не беше случајно што во февруари 2011 години токму таму изби револуцијата и Бенгази се’ до падот на главниот град Триполи фунгираше како главен град на револуционерната влада.

Моќните милиции

Во меѓувреме токму во богатиот со нафта регион Циренаика пости силно движење за автономија. Централната влада се’ уште не располага со оспособено воено раководство. Таа е упатена на голем број регионални милиции кои се базираат на локалните групирања или племиња. Овие милиции меѓутоа се борат и едни против други - еден од големите безбедносни проблеми на земјата. Истовремено некогашните метрополи на Гадафи Сирте или Бани Валид се’ уште се дистанцирани кон новата Либија. „Националниот совет, кој има налог да формира влада досега неможеше да се погрижи за тоа во земајта да завладее мир“, вели Венцел Михалски директор на германскиот огранок на Хјуман рајтс воч. „Вооружените милиции и разбојнички банди го користат вакуумот во власта за да ги спроведат нивните барања или да ги разгарничат нивните области“.

Исто така и радикалните исламисти се обидуваат да профитираат поради небезбедната состојба во земјата. Фундаменталниот ислам кај Либијците верници не е омилен. Уништувањето на исламски светилишта од страна на салафистите силно и наштети на популарноста на радикалните исламисти. Тоа се покажа токму на 11 септемврии 2012 година, кога терористичка група во Бенгази уби четоврица Американци, меѓу нив и амбсадорот на САД. Како рекација десетици илјади Либијци излегоа на улиците и од градот исфрлија две дотогаш влијателните радикални милиции.

Несоочување со минатото

Да се стават милициите под контрола и да се соочат со злосторстата пред и за време на релволуцонерната фаза - од тоа Либија е многу оддалечена. Но токму тоа стои на патот на развојот на земјата, смета Михалски од Хјуман рајтс воч. Според еден извештај на оваа организација борците на Гадафи не беа единствените кои извршија воени злосторства. Исто така и милициите кои дадоа значаен придонес за победата над Гадафи брутално се однесуваа против противнциите и масовно масакрираа војници.

Една година по смртта на Гадафи либиските власти се’уште не почнаа да водат истрага против одговорните за воените злосторства и другите повреди на меѓународното право на двете страни. „Одговорните мораат да се повикаат на одговорност, за да може да се реализира она што го бараа револуционерите“, вели Венцел Михалски, „имено демократија и правна држава“.