1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Затоплување на односите НАТО-Русија?

Шефовите на дипломатиите на НАТО се согласија за постепено обновување на дијалогот со Русија. Патот за зачленување на Грузија и Украина, сепак нема да биде скратен, како што сака Вашингтон.

default

Генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер.

Генералниот секретар на Алијансата, Јаап Де Хоп Шефер соопшти дека министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО се согласиле за постепено обновување на контактите со Русија. Тие беа прекинати на 19 август по руската воена интервенција во Грузија. Шефер предупреди од недоразбирања.

„Ова постепено обновување на дијалогот не значи дека сега одеднаш почнавме да се согласуваме со Русите за она што се случуваше во август за време на кавкаскиот конфликт, како и во однос на нивното признавање на независноста на Абхазија и Јужна Осетија. Имаме основни разлики во ставовите,“ рече генералниот секретар, нагласувајќи дека засега контактите ќе се обноват на информативно ниво.“ За ова најмногу се залагаше германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер,

Treffen der NATO Außenminister in Brüssel

На американската министерка за надворешни работи, Рајс ова и беше последна средба со колегите од НАТО.

а со решението се согласи и американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс на која ова и беше и последна средба со колегите од НАТО.

Нема скратени патишта за членство во НАТО

Алијансата е поделен и околу желбата на Грузија и Украина да се зачленат во неа. Додека САД сака двете земји да се станат членки по брза постапка, Германија и некои други земји, се за тоа оваа постапка да оди полека односно тие прво да станат дел од Акциониот план за членство, МАП. Во оваа претпристапна фаза, земјата мора да докаже дека е правна и демократска држава и дека безбедносните сили и се под демократска контрола.

Министрите за надворешни на земјите членки во НАТО, повторно нагласија дека за приемот на нови земји, прво мора да има согласност меѓу сите 26 членки. Нема да има никаков „пократок пат“ нагласи шефот на германската дипломатија Штајнмаер. Министрите се заложија за засилување на контактите со двете земји во рамките на постоечките комисии НАТО-Грузија, и НАТО-Украина. Но, се чини по кавкаската војна во Грузија и политичките тензии во Украина, дебатата за нивно членство во НАТО ќе потрае уште долго време.


Поврзана содржина