1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Затвор за екс-претседателот поради шверц со оружје

Аргентинскиот екс-претседател Карлос Менем е осуден на 7 години затвор поради тоа што и покрај ембаргото, испорачувал оружје во Хрватска и во Еквадор. 82-годишниот Менем веројатно ќе може казната да ја одлежува дома.

Поранешниот аргентински претседател Карлос Менем e осуден на седум години затвор за шверц на оружје за Хрватска и Еквадор, бидејќи прекршил меѓународно ембарго во 90-те години од минатиот век.

Изречената казна може да ја поништи само Уставниот суд на Аргентина, се вели во решението на Апелацискиот суд.

Со одлука на Судот, Менем (82) нема да може да ја користи изборната канцеларија и побарано е Сенатот да му одземе имунитет кој го има како сенатор. Обвинителите бараа осумгодишна казна за поранешниот претседател, но судиите се одлучија за седумгодишна казна затвор земајќи ја предвид, како олеснителна околност, неговата возраст и признанието.

Менем призна дека како претседател на Аргентина потпишал тајна уредба за извоз на оружје за Венецуела и Панама, но наведе дека „немал поим“ оти тони пушки и муниција произведени во Аргентина ќе завршат во Еквадор и Хрватска, држави кои во тоа време биле под меѓународно ембарго за увоз на оружје. Апелацискиот суд одлучи дека Менем и 11 други лица се виновни со што е поништена претходната ослободителна пресуда од судење во 2011 година.