1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Затворски казни против руски опозиционери

Суд во Москва осуди седум опозиционери до четири години затворски логор, а осмиот обвинет доби условна казна. Полицијата пред судот приведе многумина демонстранти.

Во т.н. Болотнаја-процес судот во Москва осуди седум противници на Кремљ на двеипол до четири затворски логор, а осмиот обвинет доби условна казна од три години и три месеци. Обвинетите за виновни беа прогласени уште минатиот петок, бидејќи во 2012 година учествувале на големите демонстрации против повторниот избор на Владимир Путин на претседателската функција и тепале полицајци.

Критичарите на владата напротив тврдат дека насилството при тогашните демонстрации на московскиот Болотнаја плоштат било поттикнато од страна на полицијата. Одбраната бараше ослободителна пресуда за обвинитете бидејќи недостасувале докази.

Пред зградата на судот во главниот руски град се одржаа и протести против „самоволието на правосудството“ во Русија. Еден ден по завршувањето на Зимските олимписки игри во Сочи силите за безбедност во Москва приведоа повеќе од 100 демонстранти. Меѓу нив бил и водачот на опозицијата Алексеј Навални. На протестите против наводното самоволие на правосудните органи се приведени и две членки на бендот „Пуси Рајот“, Надежда Толоконикова и Марија Аљошина.

Борците за граѓански рпава и организациите за човекови права како Амнести интернешнл оценуваат дека „процесот е режиран“. Уште во петокот пред судот беа приведени околу 200 симпатизери на обвинетите.

Moskau Demo gegen Bolotnaja Urteil 24.02.2014

Приведени на протестите пред судот во Москва

Набљудувачи на процесот во него гледаат сигнал за противниците на Путин, дека не допуштал никаков отпор против неговиот начин на владеење.

Истовремено во тек е уште еден Болотнаја- процес против познатиот опозиционен политичар Сергеј Удалзов од вонпарламентарниот Лев фронт и неговиот соработник Леонид Расвошајев. И тие ги отфрлија обвинувањата дека организирале насилни протести против Путин. Доколку бидат осудени ним им се закануваат до десет години затворски логор.