1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Затворски казни за соработници на фондацијата „Конрад Аденауер“

Судот во Каиро осуди 43 Египќани и странски работници од неколку невладини организации на затворски казни од една до пет години поради нелегално работење. Странските невладини мораат да ги затворат своите канцеларии.

Кривичниот суд во Каиро осуди 27 обвинети лица во отсуство на по пет години затвор. Пет обвинети лица кои се присутни во земјата, меѓу кои и еден Американец, се осудени на две години зад решетки, додека останатите 11 обвинети добија затворски казни од по една година. Пресудата беше пренесувана во живо преку телевизија.

Судот побара трајно затворање на разграноците на невладините организации во кои овие лица работеле. Пресудата ги опфаќа американските организации „Фридом хаус“ и „Националниот демократски институт“, како и германската фондација „Конрад Аденауер“.

Осудените лица ја добија пресудата поради нелегален трансфер на финансиски средства и работење во земјата без дозвола. Процесот започна минатата година, откако претходно на крајот од 2011 година беа спроведени претреси во канцелариите на организациите, што доведе до застрување на односите со Вашингтон и Берлин. Најголем дел од обвинетите во меѓувреме ја напуштија земјата. Меѓу нив и двајцата обвинети работници на германската фондација „Конрад Аденауер“, кои земјата ја напуштија во март минатата година.