1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Затворен е децениски спор

Поделени реакции по одлуката за демаркација на границата меѓу Македонија и Косово и воспоставувањето дипломатски односи меѓу соседите.

default

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама го поздрави воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Косово, се вели во соопштение од Стејт департментот. „САД го поздравуваат воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Косово, како и успешното завршување на демаркацијата на меѓусебната граница“, се вели во писмена изјава на портпаролот на Стејт департментот Јан Кели.

Од гледна точка на Вашингтон, преземените акции на Скопје и Приштина се „важен чекор во нивна евроатлантска интеграција со воспоставување добрососедски односи и зацврстување на регионалната стабилност“, се додава во соопштението.

Јеремиќ: Удар за билатералните односи

Одлуката на Македонија за воспоставување дипломатски односи со Косово и Метохија и демаркација на заемната граница со српската покраина претставува удар за односите меѓу Белград и Скопје и таа секако ќе има последици, изјави српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.

„Одлуката на македонската Влада е удар за односите со Белград во моментите кога на иницијатива на Србија почнаа да се подобруваат односите меѓу двете земји по минатогодишното признавање на еднострано прогласената независност на Косово и Метохија од страна на Македонија, истакна Јеремиќ на средбата со новинарите во српското Министерство за надворешни работи.

Скопје и Приштина во саботата вечер воспоставија дипломатски односи откако парламентите на двете земји го ратификуваа договорот за демаркација на заемната граница. Канцеларијата на специјалниот претсавник на ЕУ во Приштина соопшти дека Шведска, како претседавач со Европската унија, ја поздрави демаркацијата на границата. Во соопштението се наведува дека претседателството на ЕУ го поздравува последниот развој во врска со добросоедските односи меѓу Скопје и Приштина.

Автор: АТ/БГ/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска