1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Затворени ЗОИ во Торино, Германија најдобра!

„Торино ти благодариме, до видување за четири години во Ванкувер„

default

Вака звучеше синоќа на Олимпискиот стадион во Торино каде на спектакуларен начин беше спуштена завесата на 20-те ЗОИ. Крајот на 16 дневениот спортски настан број еден во светот официјално беше прогласен од страна на претседателот на МОК Жак Рог.

„ Согласно традицијата ги прогласуваам 20-те ЗОИ за затворени и повикувам на обединетост во светот. За четири години се гледаме во Ванкувер каде ќе ги прославиме 21-те ЗОИ„

Дво ипол часовната церемонија на затворање беше карневалска во која доминираа циркуски акробации. Најуспешна во натпреварувачкиот дел е Германија, чии преставници освоија вкупно 29 медали, 11 златни, 12 сребрени и шест брозени. САД и Русија освоија по девет златни медали. Вкупно 26 земји освоија медали.

ЗОИ во Торино ќе останат запаметени и по одличната организација. Се очекува и добра заработувачка. Продадени се 900.000 влезници, или десет проценти повеќе од планираното, а и речиси сите сувенири низ продавниците беа распродадени.

Одлична беше организацијата и на ниво на безбедноста. Искуствата на Торино според поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, треба да бидат добар модел за спортските настани во иднина:

„ Италијанската влада всушност направи добра работа со која покажа како може да се справи со вакви настани. Тие соработуваа со 26 различни земји, разменуваа информации, средства, со цел формирање многу комфорна атмосфера во која луѓето се чувствуваа безбедни. Мислам дека ова е многу добар модел за организирање на вакви игри и во иднина„