1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Затворениците од Гвантанамо сепак пред воен трибунал

Денеска во Гвантанамо почнува судскиот процес против Калид Шеик Мохамед, наводниот главен планер на терористичките напади врз САД од 11 септември 2001. Тој ќе биде изведен пред воен трибунал.

Со години в затвор без процес и пресуда: затвореници од Гвантанамо

Со години в затвор без процес и пресуда: затвореници од Гвантанамо

На лицето на американскиот министер за правда Ерик Холдер можеше јасно да се исчита разочарувањето и гневот: „Денеска му го предадов случајот Калед Шеик Мохамед на Министерството за одбрана за да може да се поведе постапка пред воен трибунал.“

Ерик Холдер многу порадо ќе ги изведеше петтемина обвинети пред редовен суд во САД, но во таквата намера го спречија пратениците на Конгресот.

„Членовите на Конгресот се замешаа и поставија такви ограничувања, кои оневозможуваат владата да изведе пред суд затвореници од Гвантанамо, се’ едно од каде доаѓаат.“

Обама не успеа до сега да го затвори озлогласениот затвор Гвантанамо

Обама не успеа до сега да го затвори озлогласениот затвор Гвантанамо

Нема време за чекање

Оваа одлука на министерот за правда доаѓа еден месец по објавата на претседателот Барак Обама дека ја укинува забраната за работа на воените трибунали. Со оглед на фактот дека мнозинството во Конгресот нема наскоро да се смени, министерот за правда Холдер решил да ги предаде случаите во надлежност на министерството за одбрана:

„Не можеме повеќе да ги одлагаме процесите, како поради жртвите, така и поради нивните најблиски кои чекаат на правда подолго од десет години.“

Министерот Холдер на крајот од прес-конфренцијата во Вашингтон уште нагласи дека наспроти сите потешкотии, администрацијата на Барак Обама и понатаму има намера да го одржи зборот и да го затвори озлогласениот затвор на Гвантанамо.

Автор: Ридигер Паулерт / Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска