1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Затворена најстарата швајцарска банка

Првпат во историјата една швајцарска банка призна дека им помагала на Американци при даночна измама. Финалето на ова финансиско крими-дејство е фатално - скапи процеси им се закануваат и на други банки!

Тоа беше крај со најава. Најстарата швајцарска приватна банка Вегелин уште пред една година самата најави дека под притисок на американската даночна управа самата ќе стави клуч на врата. Тогаш како шок-бран низ финансиските центри во Цирих и Женева се прошири веста дека управата на банката се решила на принудна продажба по тужбата против тројца нејзини менаџери во САД за пружање помош при затајување данок. Банката основана во 1741 година во Сент Гален плати 74 милони долари, односно околу 57 милиони евра, казна и обештетувања.

Уште по покренувањето на судската постапка во САД во јануари 2012 година, одговорните во Вегелин укажаа на „неверојатно тешката состојба, опасна по егзистенцијата“ настаната поради судските спорови со американските власти. Сопствениците тогаш се одлучија на радикален чекор - најголемиот дел од

бизнисот е продаден на Нотенштајн Приватбанк и со тоа на групата Рајфајзен, по цена од околу 300 милиони франци, односно 250 милиони евра. „Приватната банка Вегелин ќе се одржи до конечната разврска со американските клиенти и како спротивставена страна во споровите со американските васти“, соопшти тогаш банката. Сега, со признавањето на вината пред судот во Њујорк, Вегелин пропаѓа по цели 272 години постоење.

Процесот против Вегелин можеби нема да биде и единствениот. Во визирот на американските даночни власти се уште десетици банки под сомнение дека пружале помош на американски граѓани за затајување данок, меѓу нив и големи банки како УБС и Кредит Свис. Процесите би можеле да се избегнат само ако го направат она на што Вегелин банката беше принудена во текот на судскиот процес - да ги предадат на американските власти податоците на своите клиенти кои се даночни обврзници во САД. Дел од банките веќе почнаа да го прават тоа.