1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Затворената Тимошенко-носителка на листа

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која се наоѓа во затвор, симболично ќе биде носителка на листата на најголемата опозициска коалиција на парламентарните избори во октомври.

Политичкиот сојуз кој ги обединува партиите на Јулија Тимошенко и поранешниот спикер на Врховната Рада (украинскиот парламент – з.р.) Арсениј Јацењук, одлучи на конгресот во понеделникот (30.07) опозициската лидерка да ја стави на чело на листата, и покрај тоа што таа се наоѓа во затвор. Овие парламентарни избори ќе бидат првата голема проверка по изборот на актуелниот украински претседател Виктор Јанукович во 2010 година, коишто со посебен интерес ќе ги следи Западот кој го следи процесот против Тимошенкo и ги обвинува украинските власти за политичка одмаздољубивост.

Европската унија и САД бараат ослободување на поранешната премиерка против која се покренати уште неколку процеси, којашто поради болест во мај беше префрлена во клиника во Харков, во градот каде ја издржува затворската казна на којашто е осудена откако судот ја прогласи виновна за потпишување штетни договори за набавка на гас од Русија.

Во меѓувреме Тимошенко ја посетија трoјца лекари од една берлинска клиника и предложија нејзино лекување за уште четири до осум седмици. Постоеја варијанти на коишто инсистираше Западот, според кои властите во Киев ќе дозволат нејзино лекување во странство. Сепак, конечното решение за тоа ќе го донесат украинските власти кои сметаат дека странските лекари намерно одолговлекуваат со лечењето на Тимошенко.