1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Затворањето на логорот Гвантанамо се’ подалечна цел

Американскиот претседател Барак Обама се’ повеќе се оддалечува од најавеното затворање на озлогласениот логор за осомничени терористи во воената база Гванатанамо.

default

Бодликавиот тел останува: озлогласениот затвор Гвантанамо на Куба

Американскиот претседател Барак Обама деновиве даде „зелено светло“ за обновување на работата на воените трибунали, кои ги укина по доаѓањето на власт пред две години. Новата наредба на претседателот Барак Обама треба да претставува дел од новиот каталог на мерки, со кои неговата влада има намера да го решава проблемот со затворениците во Гвантанамо, кои пак со години се во затвор без против нив да се води судски процес. Претставник на Белата куќа соопшти дека Обама не се откажал од намерата да го затвори логорот, што свечено го вети два дена по стапувањето на функцијата и за тоа си даде рок од една година.

Опасни и помалку опасни терористи

Обама освен тоа потпиша наредба со која затворениците, кои се сметаат за опасни терористи, можат и понатаму да останат во затворот без судската постапка и соодветна пресуда.

US-Lager Guantánamo

Каква судбина ги очекува уште 170-те затвореници?

Нивниот статус треба да се разгледува најмалку секои четири години. Оние затвореници, пак, кои не претставуваат посебна опасност за САД ќе бидат екстрадирани во странство. Ослободувањето затвореници и нивно пуштање на американска територија не доаѓа предвид, порачува официјален Вашингтон. На тоа категорично се спротиставуваат пратениците на Конгресот.

Критика од организациите за човекови права

Една од американските организации за човекови права оцени дека Обама со најновите мерки го легализирал неограниченото затворање и ја обновил работата на „нелегалните воени трибунали“. „Ако постојат веродостојни докази, тогаш затворениците треба да бидат изведени пред редовен суд во САД“, бара организацијата ACLU.

Автор: ГЧ/ ЖА/ дпа/ афпд

Редактор: Александра Трајковска