1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Затворањето на Гвантанамо отвора нови прашања

Политичарите и експертите за човекови права од целиот свет бараа од Барак Обама да го затвори озлогласениот логор во Гвантанамо, но исто така да се погрижи за соодветен третман на лицата кои таму биле лишени од слобода.

default

Ќе зајде ли конечно сонцето за затворот Гвантанамо: зданието каде се сослушуваат затворениците на зајдисонце

Во моментов има околу 250 затвореници во Гвантанамо, чиј статус не е разјаснет. Група од околу 60-мина се сметаат за невини и тие би можеле по релативно брза и едноставна постапка да бидат пуштени на слобода, доколку се најдат земји што би ги прифатиле. Тоа мора да бидат земји во кои не им се заканува натамошен затвор или измачување, бара претседателката на Одборот за човекови права при германскиот парламент, Херта Дојблер Гмелин. „За почеток мораат Американците да ги прифатат, затоа што се тие виновни за неправдата сторена на Гвантанамо. Тие се одоговорни за тоа и треба да ја прифатат одговорноста.

Argentinien Koalition gegen Straflosigkeit

Претседателката на одборот за човекови права на германскиот Бундестаг, Херта Дојблер Гмелин

Секако, доколку некои од затворениците речат дека толку многу ги мразат Американците поради она што ги снашло во озлогласениот затвор и не сакаат да одат во САД, тогаш треба да се најде решение или за враќање во нивните татковини или ако и таму се плашат за сопствената безбедност, тогаш треба да се најде решение за заминување во трети земји. За такви случаи веќе постои постапка во меѓународните односи, може да се склучат и договори - тоа може да се реши!“

На затворениците им треба рехабилитација

Веќе наредната недела во Брисел се среќава министерскиот совет на ЕУ за да разговара за заеднички настап на Европејците по ова прашање. Волфганг Хајнц, експерт за меѓународно право при германскиот Институт за човекови права го гледа следниот можен проблем:

Back from Guantanamo

Еден од поранешните затвореници на Гвантанамо, германскиот граѓанин од турско потекло, Мурат Курназ

„Луѓе кои во Гвантанамо минале три, четири или пет години не може сега едноставно да бидат пуштени да заминат негде, па да видиме што ќе се случи со нив. Посакувам овие лица да бидат прифатени во земји, каде што ќе добијат медицинска и социо-психолошка нега и поддршка, каде во посебни услови повторно би воспоставиле контакт и со нивните семејства. Овие луѓе треба постепено да се враќаат во реалноста, што познавајќи ги и од далеку условите во Гвантанамо нема да биде лесно!“

Многу отворени прашања

За експертите се поставуваат и многу други прашања, како што е извинувањето и обесштетувањето за овие луѓе, кои без судска пресуда и право на соодветна одбрана минале толку долго време во затвор.

USA Guantanamo Häftling

Еден од затворениците во затворот Гвантанамо

Оние кои американските служби се’ уште ги сметаат за опасни, секако ќе треба да бидат сместени во услови, каде што и понатаму ќе останат под надзор. Во секој случај сите кои се уште во затворот треба да добијат право на редовен судски процес, на местото на воените комисии што ги формира администрацијата на Џорџ Буш. Конечно, експертот Манфред Новак очекува новиот претседател да ги изнесе пред лицето на правдата сите оние кои носат одговорност за вкупниот систем на злогласниот американски затвор на Гванатанамо.