1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Затајувањето данок е народен спорт во Грција

Шефот на грчките даночни власти силно ги критикуваше своите сограѓани поради слабиот морал за плаќање данок. Шефицата на ММФ истото го стори пред еден месец и за тоа жестоко беше нападната.

Грците би морале да си ги плаќаат даноците. Тогаш кризата би била надмината. Со овие кратки забелешки, шефицата на ММФ Кристин Лагард како да седна на коприви. Но, тука не заврши: Децата во некои региони од Африка повеќе имаат потреба „од помош, отколку луѓето во Атина“, изјави Лагард во интервју. Грчките политичари се вознемирија, пред се’ поранешниот министер за финансии Евангелос Венизелос, кој ја обвини Лагард дека ги навредила Грците.

Лагард е во право

Сега Никос Лекас и се приклучи на критиката на шефицата на ММФ. Лекас точно знае, оти тој е раководител на Управата за даноци на Грција (СДОЕ). Тој целосно се согласува со Лагард, изјави Лекас за дневниот весник „Велт“. „Затајувањето данок во мојата земја изнесува 12 до 15 проценти од БДП. Тоа изнесува до 45 милијарди евра годишно. Ако само половина од овие пари успееме да ги собереме, Грција ќе ги реши проблемите.“

Многу даночни службеници се корумпирани

Лекас опоменува дека голем број истраги пропаѓаат поради недостиг на кооперација на грчките банки. Управата поднела барања за увид во сметките за повеќе од 5.000 случаи, но досега добила дозвола само за 214 случаи. Во 500 случаи, кои се однесувале на политичари, управата чека на одговор веќе пет месеци, а може да трае и до една година додека да стигнат информациите. Но тогаш најверојатно ќе биде доцна, бидејќи парите веќе ќе ги нема и ќе се оневозможи конфискување. Лекас затоа бара, во случај да постои сомневање банката да издаде информации во рок од една недела.

Шефот на даночните служби истовремено предупреди од „социјална екслозија“, доколку не се спречи поделба на општеството на „недопирливи елити и исцедени граѓани“.

Дигитално оружје против даночните затајувачи и корумпираните службеници

Техничките средства можеби би можеле да помогнат против затајувањето данок. Со компјутерската програма „Еленксис“ се прочешлуваат фирмите. Централната управа истовремено гледа, што прави инспекторот што ја спроведува истрагата. Во моментов софтверот е во тест фаза.

Грција со години е во рецесија. За да добие кредити во висина од милијарди, од ЕУ и ММФ, преодната влада од социјалистите и конзервативците се обврза на драстични програми за штедење. Грција во моментов е во очекување на нова влада. На 17 јуни ќе се оддржат вторите предвремени избори.