1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Застрелан обвинителот во случајот Буто

Ситуацијата во Пакистан не се смирува. Непознати лица убија висок по ранг државен обвинител коj во визирот имал водечки политичари и воени лица.

Во Пакистан е убиен државен обвинител, кој меѓу другото учествуваше во истрагата за убиството на поранешната премиерка на земјата, Беназир Буто. Според наводи на полицијата, Чаудри Зулфикар бил погоден од повеќе куршуми. Нападот со мотоцикл утрово го извеле непознати лица во близина на неговата куќа во Исламабад. Неговиот телохранител бил повреден.

Зулфикар работеше за државните истражни власти ФИА на расветлување на нападот врз Буто. Оваа опозициона политичарка беше убиена во 2007 година на една предизборна манифестација. Поради овој случај Зулфикар денеска требало да учествува во еден процес на анти-терористичкиот совет на еден суд во градот Равалпинди. Според извештај на ОН во 2010 година не се исклучува можноста дека во нападот биле вмешани и високи по ранг пакистански воени лица. Во врска со убиството на Буто, пакистанските истражни органи водат истрага и против поранешниот водач на војската Первез Мушараф, дека не пружил доволна заштита. Поради обвинувањето Мушараф се наоѓа во домашен притвор.

Убиениот пакистански државен обвинител истрага водеше и против осомничените ко-учесници во атентатите од Мумбај во 2008 година, кога во овој индиски град беа убиени 166 луѓе.