1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Застрелани војници на либанско-сириската граница

Тежок инцидент на границата со Сирија: тројца либански војници беа нападнати и убиени. Се' повеќе индиции укажуваат за ширење на граѓанската војна кон соседните држави.

Тројца либански војници во текот на ноќта беа застрелани на сириската граница. Трупите биле од северо-источниот град Арсал и новното возило било нападнато од непознати лица, се вели од кругови на безбедносните сили. Ова е инцидент со најмногу смртни жртви од почнувањето на граѓанската војна во Сирија пред повеќе од две години.

Повеќето луѓе во Арсал ги поддржуваат бунтовниците во соседната држава, кои се борат против претседателот Башар ел Асад. Регионот исто така е и збиралиште за бегалците од Сирија. Нападот во текот на ноќта повторно ги засилува стравувањата, дека Либан би можел да биде вовлечен во крвавиот конфликт во Сирија.

Хезболах на страната на Асад

На границата со Сирија постојано се случуваат насилни инциденти. Во понеделникот, во близина на источно-либанскиот град Хермел паднаа три гранати истрелани од сириска територија. Од извори на силите за безбедност се вели дека во нападот загинала една жена. Наспроти градот Арсал, каде доминираат сунити, Хермел е седиште на шиитските милиционери на Хезболах, чии борци го поддржуваат Асад во Сирија. Навлегувањето на Хезболах на сирискка територија на пример кај Кусајр, наиде на голема загриженост кај меѓународната заедница.