1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Застрелана руската новинарка Политковскаја

И во Русија е убиена една од најпознатите новинарки и критичар на руско-чеченската војна. Со големо разочарување и тага во Москва е примена веста за убиството на руската новинарка Ана Политковскаја.

Ана Политковскаја

Ана Политковскаја

Како што соопшти полицијата таа била пронајдена вчера застрелана во лифтот од зградата во која живеела. На местото на настанот е пронајден пиштолот со кој е убиена. Политковскаја важеше за една од ретките храбри луѓе во нејзината бранша. Таа стана позната по своите репортажи од камповите на чеченските бунтовници. За својата работа Политковскаја доби повеќе награди, меѓу кои во 2003-та медаљата Херман Керстен, а во 2005 во Шведска ја доби наградата Улоф Палме. Таа дури и посредуваше во заложничката драма во московскиот театар кој пред неколку години го завземаа чеченски бунтовници.

Политковскаја имаше 48 години, и ова не бил прв обид за нејзино убиство. Во 2004-та кога патувала кон Каукус за да известува за драмата во училиштето во Беслан, била нападната со непознат прав од кој добила мистериозна болест, поради што го откажала понатамошното патување. Руските медиуми пишуваат дека таа постојано добивала писма со закани. Политковскаја пишуваше за опозициониот весник „Новаја Газета“ и за еден од ретките критички настроени радија, „Московско ехо“.

Советот на Европа најостро го осуди убиството на новинарката и побара најбрзо да се расветли случајот.