1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Застој на европскиот пат, виновен Наумовски?

Македонија бележи сериозен застој на реформскиот процес на евроинтеграциите како стратешки приориет, оценува опозицијата и одговорноста за тоа ја лоцира во заменик -претседателот на владата, задолжен за евроинтеграции.

default

Пратениците расправаат за работата на Наумовски

Македонија бележи сериозен застој на реформскиот процес во однос на евроинтеграциите како стратешки приориет, оценува опозицијата и одговорноста за тоа ја лоцира во заменик -претседателот на владата, задолжен за евроинтеграции. Група пратеници бараат вицепремиерот Васко Наумовски да си замине од функцијата. Му забележуваат дека е уназадено исполнувањето на политичките критериуми за членство, застој во усогласувањето на македонското со европското законодавство, нецелосно спроведување на веќе донесените закони со европско знаме.

“Некој ќе рече таков карактер е Наумовски, анемичен однос, незаинтересиран, но неговата приватна агенда е богата. Една од причините за интерпелацијата е неговото скандалозно вработување на Правниот факултет“, кажа Андреј Жерновски од ЛДП.

Виновни се Грците!

Противаргументите се базираа на ставот дека одговорна за застојот не е владата, туку Грција. Вицепремиерот Наумовски од говорницата рече:

“Македонија не е блокирана во евро и нато-интеграциите затоа што тоа го сака владата на РМ, туку затоа што тоа го прави владата на Грција“.

Mazedonien EU-Parlamentarier Skopje

Наумовски (втор од лево) со неколку европратеници при поранешна нивна посета во Скопје

„Македонија ги спроведува реформите поради нејзините граѓани, за да го модернизира општеството, а интеграцијата во ЕУ е само валоризација на постигнатите резултати“, рече Александар Спасеновски од ВМРО ДПМНЕ.

Јани Макрадули од СДСМ кажа:

“Господинот Папандреу не ја вработи ќерката на Трајко Славевски во Националната агенција за европско образование, Папандреу не ги злоупотреби парите што ги злоупотреби раководството на Унијата на млади сили, господинот Папандреу не го носи законот за електронски комуникации со кој ги прислушкувате неистомислениците“.

Наумовски е директно прозван за Законот за анти-дискриминација и за забраната за комуникација на вработените во Секретаријатот за европски прашања со делегацијата на Европската комисија во Скопје. Големиот број забелешки навестуваат плодна и долга расправа по предложената интерпелација. Наумовски на функцијата го наследи Ивица Боцевски лани во јули.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска