1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Застој во мисијата на МПЦ за афирмација

Дипломатската мисија за афирмација на Македонската православна црква продоложува со патување во Атина на средба со претставници на грчката православна црква.

default

Кога ќе се реализира посетата на Атина не е прецизирано ниту на вчерашната седница на Светиот архиерејски синод. Македонските владици кои ја иницираа средбата чекаат офцијална покана од грчката црква, но средбата би требало да се реализира откако грчкиот поглавар Христодулос ќе закрепне од операција. Портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј вели дека разговорите се само одложени, а не и откажани: "Ништо не е разговарано бидејќи сеуште нема никакви пишани документи од страна на атинската архиепископија, официјално, а колку што знаеме во моментов и самиот поглавар е во болница. "

Во Атина се очекува да бидат покренати сите отворени прашања, финансирањето на Вранишковски од грчка страна, како и влијанието на грчката црква во спорот за името и статусот меѓу македонската и српската црква.

Македонската црква сеуште чека абер од Белград за продолжување на дијалогот со СПЦ. Мина месец откако српскиот сабор реши да го прифати предлогот на МПЦ за преговори, но се остана само на декларативна волја. Термин и место за разговор сеуште не се одредени.

По Цариград и Москва, Атинската архиепископија е третата дестинација на македонската црковна дипломатија која лобира за решавање на црковниот спор со СПЦ и за афирмација на МПЦ во православието. Македонската црква годинава прославува 40 годишнина од добивањето на афтокефалноста.